ПРОБИШТИП НЕМА МОРЕ АМА ГИ ИМА ЛЕСНОВО И ПОНИКВА Кандидатот Тоневски гледа голем потенцијал во општината

August 6, 2025
4 mins read
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ размислува и за развој на мобилна апликација преку која граѓаните ќе добиваат известувања за сè што е важно: прекини на водоснабдување, улично осветлување, тековни проекти, состојби на патишта и други ситуации од секојдневието.

Тони Тоневски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Пробиштип

Поддршката кон локалните стопанственици ќе биде постојана, а понудата за инвеститори – суштинска, вели Тони Тоневски, кандидат за градоначалник на Општина Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој беше градоначалник на Пробиштип во два мандата од 2009 до 2017 година.

 

– Осум години бев почестен од моите сограѓани да бидам градоначалник на мојот Пробиштип и не гледам на тој период како на функција, туку како на обврска што ја извршував со цело срце. За мене тоа беа години исполнети со многу работа, со многу одлуки и со уште повеќе посветеност кон секој човек во нашата општина. Немаше ден без терен, без средба, без слушање. Голем дел од работите кои ги постигнав ги должам на посветената општинска администрација и на вработените во локалните институции со кои покажавме заеднички дека службата кон нашиот град нѐ обрзува сите кон плодна тимска работа за поразвиен и чист Пробиштип. Пробиштип е мало место, сите се познаваме, и тоа го гледам како предност. Луѓето знаат кој што кажал, но уште повеќе, знаат кој што направил. Како поранешен градоначалник, роднина, пријател, познаник на многумина во градот можам со чист образ да кажам дека зад мојот збор секогаш стоеле дела, а не празни ветувања – вели Тоневски.

Тој вели дека ако ја добие довербата од неговите сограѓани за трет мандат, тоа ќе биде нов почеток.

– Фокусот ќе биде кон развој на инфраструктурата – патишта, канализации, осветлување, сè она што го прави секојдневието поудобно. Кон младите и кон семејствата, ќе понудиме соодветен и модерен пристап до образование. Посветено ќе ги опфатиме сите населени места и нема да правиме разлика меѓу центарот и приградските населби. Само целосниот фокус, а не половичниот популистички пристап, може да го придвижи и подобри нашиот град. Да го направиме Пробиштип град што не ги брка младите, туку ги задржува – вели тој.

Со граѓаните ја пишува програмата

Иако официјалната кампања сѐ уште не е почната, Тоневски со својот тим веќе е на терен меѓу граѓаните. Разговараат за идеи, за промени, за инвестиции…

– Отсекогаш сум тврдел и применувал дека ниту еден градоначалник не може вистински да биде успешен без постојана отвореност и дијалог со своите сограѓани, и тоа не само во предизборниот период, туку и во текот на целиот мандат. Сите ние тежнееме кон истото – Пробиштип да стане општина со функционална инфраструктура, одговорна и достапна администрација, чиста животна средина и реални можности за младите и за секое семејство – вели тој и додава дека има многу креативни идеи и добредојдени критики.

Пробиштип го изгуби епитетот „чист град“

Старо-новиот кандидат за градоначалник го критикува досегашното водење на општината од актуелниот градоначалник и вели дека во последните 8 години работите во општината стоеле во место.

– Наместо транспарентна, отворена и достапна општина видовме затворен круг на партизација и лични вработувања. Се чини дека локалната власт ги заборави вредностите кои нашиот град ги нуди на сметка на непотизмот и кронизмот во институциите. Во овој период, освен неколку детски катчиња и нефункционална фабрика за марихуана нашиот град не виде ништо суштински ново. Дел од изграденото почна да се распаѓа. Градскиот парк, кој некогаш беше гордост и омилено место за прошетка, денес претставува потенцијален здравствен ризик. Спомен-паркот уште пред да биде пуштен во употреба беше оштетен и запоставен. За жал, Пробиштип го изгуби епитетот на чист, уреден и грижливо одржуван град. Тоа не го велам само јас. Тоа го кажуваат самите граѓани – секојдневно, отворено, со разочарување. Локалната власт, во суштина, не покажа ниту визија, ниту план. Реконструкција на една уличка или менување на светилка не бара работлив градоначалник – за тоа постои администрација. Но за визија, стратегија и долгорочен развој – бара одговорен градоначалник на кого на прво место му е службата кон своите сограѓани – вели Тоневски.

Тој додава дека во изминативе 8 години во општината немало ниту една нова индустриска зона, ниту една нова фабрика, ниту една сериозна инвестиција во инфраструктурата, животната средина или во водоснабдувањето.

– Последиците се видливи, разочараност кај граѓаните, чувство на застој и сè поголемо иселување. Луѓето не си заминуваат само поради економски причини, туку и затоа што не гледаат надеж и промена. Знаците дека на Пробиштип му треба преобразба и враќање во живот, се повидливи од било кога – вели Тоневски.

Партнер на приватниот сектор, не нем набљудувач

Неговата визија е Општина Пробиштип да биде партнер на приватниот сектор, не само нем набљудувач кој се оградува од процесите. За бизнисот да инвестира, мора да верува во институциите.

– Локалната власт можеби има ограничени надлежности кога станува збор за економскиот развој, но тоа не е изговор. Ќе понудиме административна поддршка, ќе обезбедиме поволни услови за деловен простор за нови бизниси и ќе воспоставиме директна соработка со локалните компании, особено кога станува збор за вработување на млади и талентирани ученици и студенти. Мора колективно да дадеме сè од себе, секој млад човек кој ќе заврши образование да знае дека има можност тука, во Пробиштип. Пробиштип нема езеро или море, но ги има Лесново и Пониква, богати со историја, природа и со потенцијал. Таму гледам шанса за нов туристички развој. Со инвестиции во туристичката инфраструктура и промоција на културното наследство, можеме да привлечеме и посетители и инвеститори. Затоа ќе се фокусираме и на нова урбанизација: ќе обезбедиме простори за незагадувачки капацитети, но и за нови домови, викенд куќи, мали туристички објекти – вели тој.

Отворена општина не е политичка флоскула

Тоневски порачува дека не може веќе да се дозволи општинско управување затворено во канцеларии, без слух за луѓето и без волја да се прилагоди на времето во кое живееме. Тој најавува целосна модернизација на општинските услуги.

– Тоа подразбира целосна дигитализација на административните постапки – од поднесување барања, добивање документи, следење статуси, па сè до добивање известувања. Сето тоа без чекање, без непотребни шалтери и бирократија. Ќе воспоставиме систем за е-услуги достапен 24/7 преку мобилни телефони и компјутери, за секој граѓанин да може да комуницира со Општината, без оглед каде се наоѓа и кога му е најзгодно. Ќе воведеме онлајн консултации и редовни анкети – да се слушне секое маало, секој глас. Од тоа како да се распределува буџетот, до тоа што недостасува во нивната улица – мора да се стремиме кон доближување на нашите граѓани кон процесот на донесување на одлука – вели Тоневски.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ размислува и за развој на мобилна апликација преку која граѓаните ќе добиваат известувања за сè што е важно: прекини на водоснабдување, улично осветлување, тековни проекти, состојби на патишта и други ситуации од секојдневието.

– Отворена општина за мене не е политичка флоскула. Тоа е начин на работа, вредност и стил на управување. Пробиштип е мало место и уште повеќе е важно да се доближи Општината до сите и да се уважи гласот на сите. И колку поскоро ја прифатиме таа вистина, толку побрзо ќе изградиме локална самоуправа која не само што одговара, туку и слуша, разбира и делува навремено – вели кандидатот за трет мандат во општина Пробиштип, Тони Тоневски.

Извор: plusinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Над 360 лица ќе ја искористат мерката на Владата за пожарникари, се решава недостатокот на кадар за гасење пожари

Следно

Спасувачка акција по свлечиште и поплави во Индија, исчезнати се околу 100 лица

Latest from Blog

Загинаа 25 Палестинци при превртување на камион со хуманитарна помош, 19 убиени од израелски истрели

ГАЗА/ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 25 лица загинаа, а десетици се повредени при превртување на камион со хуманитарна помош врз толпа луѓе што чекаа испорака на помош, а денес израелската армија уби уште

Орце Ѓорѓиевски: Скопската чаршија заслужува внимание и вистинска грижа

Во срцето на Скопје, старата чаршија – симбол на историјата, културата и занаетчиството, денес беше во фокусот на вниманието. Орце Ѓорѓиевски, заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, пратеникот Ѓорѓија Сајкоски и

Омерагиќ го оствари ветувањето – ВАР системот пристигна во македонскиот фудбал

Македонскиот фудбал влегува во нова, модерна ера. Од сезоната 2025/26, Првата македонска фудбалска лига ќе добие ВАР технологија, што значително ќе го подобри квалитетот и регуларноста на натпреварите. Како што беше најавено

Коњановски најави музички спектакл: „Кларинетска одисеја“ утревечер на Бит Фест

„Битола е град кој има публика за вакви настани“, изјави градоначалникот Тони Коњановски, најавувајќи го концертот „Кларинетска одисеја“, што ќе се одржи утревечер во античкиот локалитет Хераклеја, во рамките на БИТ ФЕСТ.
Go toTop