Блупринт група: Владината одлука за поништување на листата на кандидати за судија во ЕСЧП е нетранспарентна и правно спорна

August 5, 2025
3 mins read

Блупринт групата за реформи во правосудството изразува сериозна загриженост за одлуката на Владaта на РСМ со која се поништи листата на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права (во понатамошниот текст: ЕСЧП) и донесе одлука за основање на нова комисија за одново повторување на постапката за избор на кандидати.

Имено, постапката за избор на судија во ЕСЧП започна во март годинава кој процес го водеше Министерството за надворешни работи и надворешна трговијакој за жал повторно мора да констатираме дека беше целосно нетранспарентен особено што не се јавно објавени биографиите на кандидатите како би можела јавноста да се запознае со нивната стручност, професионалност и интегритет за оваа висока и важна позиција во Судот.

Исто така, особено загрижува тоа што повторно се соочуваме со непочитување на правилата и тоа што постапката не е целосно спроведена. Имено, во Одлуката за основање на комисија за избор на кандидати на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права е пропишана постапката за избор. Во истата одлука е наведено дека Комисијата распишува оглас за избор на кандидати, спроведува постапка за избор, доставува предлог за избор на 3 кандидати до Меѓународниот советодавен панел на експерти на Совет на Европа за обезбедување на мислење од аспект на тоа дали кандидатите ги исполнуваат критериумите пропишани од Совет на Европа, а по добиеното мислење од Меѓународниот советодавен панел на експерти, Комисијата доставува предлог листа на 3 кандидати до Владата на РСМ. Откако Владата ќе ја усвои оваа предлог листа, Комисијата е должна истата да ја достави до Парламентарното Собрание на Совет на Европа.

Во таа насока, со оглед дека не е добиено мислење од Меѓународниот советодавен панел на експерти, а Владата донесен одлука за поништување на предлог листата без никакво образложение останува нејасно и сомнително зошто Владата има донесено таква одлука која целосно го поткопува принципот на владеење на правото, а воопшто не даде образложение на истото. Имено, се поставува прашањето на кој начин Владата утврди дека тројцата кандидати не ги исполнуваат условите и критериумите предвидени во јавниот оглас и во правилата на Советот на Европа, со оглед дека токму Комисијата формирана од самата Влада претходно спроведе постапка и интервјуа и утврди листа од тројца кандидати кои ги исполнуваат сите предвидени критериуми.

Овој потег на Владата го доведува во прашање легитимитетот на постапката, но уште поважно, укажува нанетранспарентно и потенцијално политизирано мешање во процесот кој мора да биде стручен, непристрасен и базиран на јасни критериуми. Во демократска држава, особено при избор на судија во еден од најважните меѓународни судови за заштита на човековите права, владеењето на правото, транспарентноста, и почитувањето на процедурите мора да бидат водечки принципи. Одлуки донесени без образложение, спротивно на правилата и надвор од пропишаната процедура го нарушуваат меѓународниот углед на државата и не го обезбедуваат легитимитетот на избраниот кандидат.

Правилата на Советот на Европа кои се однесуваат на изборот на судија во ЕСЧП се детално прецизирани и меѓу другото бараат:

– повикот за кандидатури треба да биде јавен и широко распространет;

– треба да се овозможи разумен период за поднесување на апликации;

– секое отстапување од препораката на телото за селекција треба да биде оправдано со упатување на критериумите за утврдување на листите на кандидати

Изборот на судија во ЕСЧП не е политичка одлука, туку тест за правна зрелост и демократски капацитет. Република Северна Македонија мора да покаже дека може да го спроведе овој процес на начин што ќе ја заштити стручноста, легитимитетот и довербата на јавноста. Оттука, Одлуката на Владата на РСМ, директно се коси со овие правила, особено ако ја потенцираме праксата на Советот на Европа која во 2021 година отфрли список од процедурални причини, имајќи предвид дека националната постапка за избор беше во голема мера доминирана од претставници на владата.

Сметаме дека на овој начин не само што се дискредитираат кандидатите од предложената листа за судија во ЕСЧП, туку се дискредитира и работата на самата Комисија која беше составена од претставници од правосудството и се фрла сомнеж дека и при ваква транспарентна и селективна постапка спроведена на ефикасен начин сепак Владата без конкретно и јасно објаснување не прифаќа предложени кандидати за судии. Со овие одлуки на Владата на РСМ дополнително се поткопува и така кревката доверба на граѓаните во правосудството особено за ваков битен процес за номинирање на кандидати за судија во ЕСЧП.

Сметаме дека е потребно објаснување за ваквото постапување односно за носење на одлуки со кои се фрла сомнеж за притисоци и влијанија кои негативно влијаат на принципите на владеење на правото и правната држава.

Како група која подолго време ја следи работата на правосудството во целина, потенцираме дека почитувањето на законите и постапките кои се предвидени согласно законските регулативи треба да бидат единствен императив и стандард преку кој се гарантира владеење на правото.

Блупринт група за реформи во правосудството:

–           Институт за човекови права (ИЧП)

–            Институт за европска политика (ЕПИ)

–           Коалиција „Сите за правично судење“ (КСПС)

–            Македонско здружение на млади правници (МЗМП)

–           Хелсиншки комитет за човекови права

–           Центар за правни истражувања и анализи (ЦПИА)

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Цените на производите во грчките супермаркети повисоки за 1,84 отсто споредбено со лани

Следно

Разоткриена мрежа на шверц на цигари – против пет сторители поднесена кривична пријава

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop