Поранешниот бразилски претседател Болсонаро осуден на домашен притвор

August 5, 2025
1 min read

РИО ДЕ ЖАНЕИРО (АА) – Судијата на Врховниот суд на Бразил, Алешандри де Мораис, денес нареди поранешниот претседател Жаир Болсонаро да биде ставен во домашен притвор додека против него се води судски процес поради наводно планирање државен удар, јавува Анадолу.

Одлуката е донесена откако Болсонаро, кој е под истрага за обид за поништување на резултатите од претседателските избори во 2022 година, преку видеопорака се обрати на протестот што во неделата се одржа во Копакабана, Рио де Жанеиро.

Судијата Мораис ја оправда мерката со тоа што Болсонаро ја прекршил забраната за користење социјални мрежи, одредена минатиот месец, кога му беше наредено и да носи електронска алка. Иако видеото го објави неговиот син, сенаторот Флавио Болсонаро, тоа беше повлечено по неколку часа.

Во својата пресуда Мораис оцени дека Болсонаро дејствувал „прикриено“ и покажал „незаконско однесување“.

„Дејствувајќи незаконски, обвинетиот Жаир Месијас Болсонаро им се обрати на демонстрантите… намерно и свесно создавајќи префабрикуван материјал со цел неговите поддржувачи да продолжат да ја уценуваат федералната врховна судска власт и да ја попречуваат правдата“, се наведува во документот.

„Правдата нема да дозволи обвинет да се смета за будала“, додава Мораис.

Во наредбата за домашен притвор е предвидена и забрана за посети, освен за адвокати и други лица овластени од Врховниот суд. Федералната полиција е задолжена да ги одземе сите мобилни телефони на имотот на Болсонаро.

На неделниот протест се собраа илјадници поддржувачи на Болсонаро во повеќе бразилски градови. Демонстрациите беа поттикнати од неодамнешните санкции што САД ги воведоа за Бразил и судијата Мораис, кој го води процесот против поранешниот крајно десничарски претседател.

– „Пуштете го Болсонаро да зборува!“

Во својата одлука, Мораес истакна дека Болсонаро учествувал од далечина во настани каде што демонстрантите користеле американски знамиња за да покажат поддршка за санкциите на САД наметнати на Бразил, што, според него, е обид за притисок на Врховниот суд.

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна воведе 50% царина на бразилскиот увоз, нарекувајќи ја истрагата против Болсонаро „лов на вештерки“. Ако биде прогласен за виновен, Болсонаро се соочува со казна до 40 години затвор.

САД вчера ја осудија наредбата на Мораис за воведување домашен притвор на Болсонаро.

„Судијата Мораис, кој веќе е санкциониран од САД како злоупотребувач на човековите права, продолжува да ги користи бразилските институции за да ја замолчи опозицијата и да ја загрози демократијата“, соопшти Стејт департментот преку платформата Х.

„Додавање уште ограничувања на способноста на Жаир Болсонаро да се брани во јавност не е јавна услуга. Пуштете го Болсонаро да зборува!“, се додава во соопштението.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Осомничен за илегална трговија со дрога ја искинал наредбата за претрес во неговиот дом, ОЈО Гевгелија поведе истрага

Следно

ВИДЕО: Сцени кои ќе ве натераат повторно да заплачете, „ЕНФИЛД“ не го заборави ДИОГО ЖОТА

Latest from Blog

Атентаторот врз заменик началникот на руската ГРУ , генерал Алексеев, уапсен во Дубаи

Осомничениот веќе е екстрадиран во Русија, објавија британските медиуми. Генерал-потполковник Владимир Алексеев, заменик-началник на ГРУ, руската воена разузнавачка служба, во петокот беше застрелан повеќе пати во станбена зграда во Москва, потврдија истражителите.

Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на Стенковец

На својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави дека министерството во координација со повеќе надлежни институции ќе започне постапка за конфискација на нелегално изграден објект на аеродром Стенковец.

Коњановски: Одобрен проектот за тартан патека на градскиот стадион

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателот на Советот, Бојан Бојкоски, присуствуваше на ребрендирањето на Атлетскиот клуб „Олимп“, настан кој беше оценет како историски момент за битолската и македонската атлетика.

Шокантни тврдења на Лејла Кадриу за функционирањето на СЈО – Катица Јанева тврдела дека е жена од милион долари

Поранешната обвинителка во Специјално јавно обвинителство, Лејла Кадриу, во јавни истапи изнесе сериозни обвинувања за начинот на функционирање на институцијата, наведувајќи директни политички влијанија, финансиски злоупотреби и незаконско постапување во периодот кога

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф
Go toTop