Ја укинуваме граничната полиција а сакаме безбедност

July 30, 2025
1 min read

Владата до Собранието достави пакет‑измените на Законот за полиција, со кои предвидува да се распуштат Регионалните центри и полициските станици за гранични работи, а нивниот персонал да премине под командната капа на месните сектори за внатрешни работи (СВР).

Според образложението во предлог‑законот, целта е „оптимизација на организациската структура“ и „подобра распределба на човечките ресурси“. На терен, пак, потегот отвори лавина реакции: полициски извори предупредуваат дека таквото „претопување“ може да ја ослаби директната контрола врз државната граница и да создаде хаос во секојдневното функционирање.

„Регионалните центри за гранични работи се ‘око и уво’ на границата. Нивното расформирање значи враќање чекор назад во системот што последниве години донесе конкретни резултати и доби признанија од ФРОНТЕКС и од други меѓународни партнери,“ вели висок службеник од граничната полиција, кој побара анонимност.

Од мигрантска криза до ФРОНТЕКС

Единицата за граничен надзор стана клучна во 2015 година, кога низ јужната граница се прелеваше бран мигранти од Блискиот Исток и Африка. Тогашната координација со ФРОНТЕКС ја стабилизираше ситуацијата, а граничната полиција доби засилување и современа опрема.

„Токму тие центри овозможија брза размена на информации и распоредување на патроли таму каде што притисокот беше најголем“, додава истиот извор.

Сменета командна линија

Според предложената структура, сите сегашни гранични станици ќе бидат администрирани од соодветните СВР во Тетово, Битола, Струмица и Струга. Тамошните командири се грижат за јавниот ред, криминалистичките истраги и сообраќајната безбедност, а сега ќе треба да преземат и надзор на зелениот и синиот појас.

„Едно е да координираш урбан сообраќај и домашни расправии, а сосема друго е деноноќен граничен надзор, со термокамери и интернационална соработка. Едноставно овие работи се неспоиви, постојат посебни обуки за граничните полицајци, кои се градени со декади во соработка со меѓународни експерти“, коментира пензионирана началничка на секторот Антитероризам во МВР.

Законот е веќе во собраниска процедура. Ако биде усвоен, МВР ќе има рок од 60 дена за реорганизација. Засега од Министерството изостанува детален план за тоа како ќе се распределат 1.200‑те гранични полицајци и кој ќе ја превземе специјализираната опрема.

Без да се навлезе во политички калкулации, стручната фела предупредува: слабеењето на првата линија на државната граница во време на нестабилен регионален контекст носи ризици што тешко се надоместуваат.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: Ненајавени акции на Халкидики, продолжува отстранувањето на недозволено поставени чадори и опрема за на плажа

Следно

СЕ УКИНУВА АГЕНЦИЈАТА ЗА ТУРИЗАМ, ВРАБОТЕНИТЕ ОДАТ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА, А ЌЕ РАБОТАТ ВО ЗГРАДАТА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕНЕРГЕТИКА

Latest from Blog

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер
Go toTop