Петнаесет земји ја поддржаа декларацијата на Франција со која се бара прекин на огнот во Газа и решение со две држави

July 30, 2025
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Петнаесет земји, меѓу кои Финска, Канада, Австралија и повеќе европски држави, потпишаа заедничка декларација предложена од Франција, со која повикуваат на итен прекин на огнот во Појасот Газа, ослободување на сите заложници што ги држи Хамас и обновен меѓународен притисок за решение со две држави во израелско-палестинскиот конфликт, јавува Анадолу.

„Ние, министрите за надворешни работи на Андора, Австралија, Канада, Финска, Франција, Исланд, Ирска, Луксембург, Малта, Нов Зеланд, Норвешка, Португалија, Сан Марино, Словенија и Шпанија, ја повторуваме нашата цврста посветеност на визијата за решение со две држави“, соопшти француското Министерство за надворешни работи доцна синоќа.

Според соопштението, земјите потписнички истакнале дека Израел и Палестина како две демократски држави мора да коегзистираат во мир, во безбедни и меѓународно признати граници, во согласност со меѓународното право и релевантните резолуции на Обединетите нации.

Тие нагласиле и дека е клучно Појасот Газа и Западниот Брег да бидат обединети под палестинска власт.

Земјите изразија длабока загриженост поради големиот број цивилни жртви и влошената хуманитарна состојба во Газа, нагласувајќи ја суштинската улога на Обединетите нации и на нејзините агенции во испорачувањето хуманитарна помош.

Министрите ги поздравија изјавите на палестинскиот претседател Махмуд Абас дадени на 10 јуни, меѓу кои осуда на нападите од 7 октомври, повик за ослободување на заложниците и разоружување на Хамас, укинување на системот за плаќање на затвореници, реформи во образованието, распишување избори во рок од една година и прифаќање на принципот на демилитаризирана палестинска држава.

„Ние… веќе ја признавме или сме подготвени или позитивно ја разгледуваме можноста за признавање на палестинската држава, како суштински чекор кон решението со две држави“, се вели во соопштението.

„Ги покануваме сите земји што не го сториле тоа да се придружат на овој повик“, се додава.

Тие, исто така, ги охрабрија државите да ги зајакнат врските со Израел, повикувајќи ги „да воспостават нормални односи со Израел и да ја изразат својата подготвеност да започнат разговори за регионална интеграција на државата Израел“.

„Ја изразуваме нашата решеност да работиме на архитектура за ‘денот потоа’ во Газа што ќе гарантира реконструкција на Газа, разоружување на Хамас и негово исклучување од палестинското управување.“

Според најновите бројки објавени од Министерството за здравство, загинале најмалку 1.179 лица, а над 7.950 се повредени во израелските напади додека чекале да добијат помош во Појасот Газа.

Отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, израелската армија спроведува брутална офанзива во Газа од 7 октомври 2023 година, при што се убиени над 60.000 Палестинци, повеќето од нив жени и деца. Немилосрдното бомбардирање ја уништи енклавата и доведе до недостиг на храна.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На Детската клиника во Скопје донесено починато едноиполмесечно бебе

Следно

Сејвард: Верстапен останува во Ред Бул до 2026 година

Latest from Blog

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер
Go toTop