Повеќе од 60 членови на ЕП бараат итен состанок за да се поттикне акција против Израел

July 24, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Повеќе од 60 членови на Европскиот парламент (европратеници) денес побараа итен состанок за да се поттикне акција против Израел во писмо испратено до шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, известува Анадолу.

Марк Ботенга, белгиски европратеник од групата на левицата, на платформата X објави дека ѝ пишале на Калас, барајќи веднаш да се свика итен состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ за да се предложи акција против Израел.

„Ви пишуваме денес со барање да се преземат итни мерки со оглед на ужасната хуманитарна ситуација во Газа и континуираните израелски напади врз Палестинците на местата за дистрибуција на помош, што досега резултираа со смрт на над 1.000 луѓе“, напишаа европратениците.

Тие рекоа дека неодамнешниот договор за помош меѓу ЕУ и Израел не донел „никаква опиплива промена“ во условите на терен, истакнувајќи дека додека децата умираат од глад, ЕУ одговара со „слаби зборови и никаква акција“.

„Да бидеме јасни. Историјата нема да гледа благонаклоно на молчењето и соучеството на ЕУ пред изгладнувањето и геноцидот во Газа, а европските граѓани ги користат своите гласови со барање за вистинска акција. Како нивни избрани претставници, ви кажуваме дека не може да има повеќе двојни стандарди, нема повеќе молчење и нема повеќе соучество“, објавија европратениците.

Пратениците во Европскиот парламент побараа усвојување на целосен пакет санкции кон Израел, санкции за Хуманитарната фондација Газа и поединци во организацијата, предлог-мерки по прегледот на Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел и лобирање кај земјите членки за спроведување на двонасочно ембарго за оружје.

„Секој ден кога не преземаме акција е уште еден ден кога Палестинците во Газа се оставени да гладуваат или да бидат убиени. Потребна е акција сега“, рекоа тие.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нелегален софтвер откриен во казино во Боговиње – кривична за фирма од Скопје и вработен од Охрид

Следно

Министерот Ристовски ги испрати младите кошаркари на ЕП (М18) – А дивизија во Белград

Latest from Blog

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер
Go toTop