Убиени најмалку двајца цивили во размена на оган меѓу Тајланд и Камбоџа

July 24, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Тајландски и камбоџиски трупи се судрија денес во спорната погранична област, при што двете страни се обвинија меѓу себе за иницирање на најновата ескалација, јавуваат официјални извори и локални медиуми, јавува Анадолу.

Според информациите на „Таи енјвајрер“, тајландската армија распоредила борбен авион Ф-16 против камбоџиските вооружени сили откако тензиите поради граничниот спор кулминираа со судири во кои досега загинаа најмалку двајца цивили.

Еден од шесте борбени авиони Ф-16 што Тајланд се подготвуваше да ги распореди на спорната граница отвори оган кон Камбоџа и уништи воена цел.

„Употребивме воздушна моќ врз воени цели според претходно утврден план“, изјави заменик-портпаролката на тајландската армија, Рича Суксуванон.

Од армијата потврдија дека сите авиони безбедно се вратиле.

Од друга страна, вооружените сили на Камбоџа започнале контраофанзива во раните утрински часови, објави „Кмер тајмс“ повикувајќи се на Министерството за одбрана на Камбоџа.

„Камбоџа отсекогаш стоела на принципот за мирно решавање на споровите“, изјави премиерот Хун Манет.

„Но во оваа ситуација немаме избор освен да одговориме со воена сила на агресијата.“

Најновиот судир се случи еден ден по инцидентот во кој тајландски војник загуби нога од нагазна мина.

Според „Бангок пост“, тајландската војска ги обвини камбоџиските трупи дека отвориле оган кон тајландска база во близина на античкиот храм Та Муен Том, кој се наоѓа на спорната територија на југот на тајландската провинција Сурин.

Министерството за одбрана на Камбоџа соопшти дека неговите трупи дејствувале во самоодбрана по непровоциран упад на тајландски војници.

Загинаа двајца тајландски цивили, а уште две лица се повредени во камбоџискиот ракетен напад врз центар за развој во граничниот округ Карб Чоенг, јави тајландскиот јавен сервис.

Тајландската армија ја осуди Камбоџа за испукување ракети кон центарот. Таа соопшти дека две ракети БМ-21, испукани од камбоџиските сили, удриле во општинскиот центар во 9:40 часот наутро (02:40 часот по Гринич). Луѓето во центарот веднаш се евакуирани.

– Камбоџа ги сведе на „најниско ниво“ дипломатските односи со Тајланд

Камбоџа денес соопшти дека ги сведува дипломатските односи со Тајланд на „најниско ниво“ и дека ги повлекува сите свои дипломати од Бангкок, објави Кмер Тајмс повикувајќи се на Министерството за надворешни работи.

На целиот камбоџански дипломатски персонал стациониран во камбоџанската амбасада во Бангкок им е наредено да се вратат дома.

Ова доаѓа еден ден откако Тајланд го протера камбоџанскиот амбасадор и го отповика својот претставник од Пном Пен поради инцидентот со експлозија на мина.

Тензиите меѓу двете земји се зголемија од 28 мај, кога војниците разменија оган во близина на границата, што резултираше со смрт на еден камбоџански војник.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Независни граѓански иницијативи се обединуваат во заедничка платформа за учество на локалните избори

Следно

Реал подготвен да плати 100 милиони евра за Родри

Latest from Blog

22,6 милиони денари промет на Македонската берза, Гранит во фокусот на инвеститорите

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 21.08.2026 заврши со благ раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.217,39 поени. Во

Еве што го чека Алварез пред тренинг-кампот на Атлетико Мадрид!(ФОТО)

ФОТО: La Liga/FB Хулијан Алварез се најде во центарот на вниманието откако се појавија нови информации за неговата иднина во Атлетико Мадрид, а ситуацијата меѓу аргентинскиот напаѓач и клубот очигледно станува е

Историски извоз: Агриа за првпат пласираше македонско свинско месо во Албанија

Компанијата „Агриа“ од Велес денеска го реализираше првиот извоз на свинско месо од Македонија во Албанија, со што најголемиот македонски производител на свинско месо започна со пласман на своите производи на странски

Проданоски: Прилеп влегува во најголемиот инвестициски циклус во последните години

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, изврши увид во реализацијата на повеќе значајни инфраструктурни проекти во Прилеп. Проданоски истакна

Пет лица се исчезнати во пожар во Швајцарија, осум повредени

 Зградата, во која се наоѓале ресторан и станови, е целосно уништена, потврди полицијата во кантонот Граубинден, јавува Би-Би-Си. Полицијата била повикана на пожарот кратко по полноќ, по што речиси 100 пожарникари излегле
Go toTop