Волуметриски модулирана АРК терапија (VMAT) – нов радиотерапевтски третман наскоро достапен во „Аџибадем Систина“

July 15, 2025
2 mins read

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ наскоро ќе започне со примена на една од најсовремените техники за радиотерапија – волуметриски модулирана арк терапија (VMAT) со новиот линеарен акцелератор TrueBeam. Со тоа, нашата болница и стручниот тим на Одделот за радиотерапија ќе им овозможат на онколошките пациенти радиотерапија според светски стандарди.

Проф. д-р Дева Петрова, специјалист по онкологија и радиотерапија, вели дека радиотерапијата е значаен сегмент во третманот на пациентите со малигни болести. Напредокот во оваа гранка на медицината има големо влијание врз успехот во лекувањето на онколошките пациенти, па оттука и потребата сите новини во радиотерапијата да станат достапни и за нашите пациенти.

„VMAT претставува напредна техника на зрачен третман, со подобрени перформанси во однос на стандардните третмани како што е ИМРТ-техниката. VMAT овозможува индивидуализиран пристап и исклучителна прецизност во спроведувањето на зрачниот третман. Клучна улога има планирањето на третманот, при што онколошкиот тим користи напредни дијагностички техники како: КТ, МРИ или ПЕТ-скен за одредување на целниот волумен и органите во ризик“, објаснува д-р Петрова.

За време на третманот со VMAT, пациентот е поставен во лежечка положба, додека линеарниот акцелератор ротира околу неговото тело и во текот на таа ротација ја испорачува планираната доза максимално приспособена на формата и големината на целниот волумен.

„Основната придобивка од овој третман е тоа што третманот е побрз во однос на стандардните третмани, со што се скратува времетраењето на третманот и се подобрува комфорот на пациентот во тек на третманот. Пократкото времетраење на апликацијата на радиотерапијата ја намалува веројатноста пациентот да се помести за време на третманот, што директно придонесува за повисока прецизност. Вградената тридимензионална CT-технологија овозможува визуализација на точната положба на туморот во текот на секоја сесија во реално време, што дополнително ги зголемува прецизноста и ефикасноста на третманот. Максималната заштита на здравите ткива во околината на туморот овозможува помалку изразени несакани ефекти од терапијата“, објаснува д-р Петрова.

VMAT-терапијата се користи за лекување на различни видови малигни тумори, особено кога се потребни висока прецизност и заштита на околните ткива. Најчесто се применува кај пациенти со карцином на простата, малигни тумори на глава и врат, како и на бели дробови.

Дополнително, оваа напредна радиотерапија се користи и при третман на карцином на дебело црево, тумори на мозокот, карцином на дојка и на грлото на матката, како и во третманот на карцином на хранопровод.

Акцелераторот ТruеВeam е револуционерен апарат за радиотерапија, кој дава можност за користење на современи техники на зрачење како: VMAT, SBRT, SRS. Една од поголемите предности на овој апарат е можноста за користење на радиохирургија – SRS, која во одредени случаи ја заменува хирургијата кај малигни и некои бенигни заболувања. Со овие техники на зрaчење, дозата е максимално насочена кон туморот и овозможува минимално засегање на здравите ткива и органи, со што се намалуваат несаканите ефекти од терапијата.

Инстаграм: „Радиотерапијата е значаен сегмент во третманот на пациентите со малигни болести. Напредокот во оваа гранка на медицината има големо влијание врз успехот во лекувањето на онколошките пациенти, па оттука и потребата сите новини во радиотерапијата да станат достапни и за нашите пациенти.“

Проф. д-р Дева Петрова
Специјалист по онкологија и радиотерапија

Акцелераторот ТruеВeam е револуционерен апарат за радиотерапија, кој дава можност за користење на современи техники на зрачење како: VMAT, SBRT, SRS. Една од поголемите предности на овој апарат е можноста за користење на радиохирургија – SRS, која во одредени случаи ја заменува хирургијата кај малигни и некои бенигни заболувања.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Езерото како чаршија: „Lakescape“ ќе го претвори Струга во пловен базар на 16 јули

Следно

Катар: Преговорите за прекин на огнот во Газа сè уште се во тек

Latest from Blog

Меџити: Видливи инвестиции за секојдневниот живот на жителите во Чаир

Првите големи инфраструктурни проекти во Чаир денес ги започна Изет Меџити, прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, кој е и кандидат за градоначалник на општината. Станува збор за

Бесплатен превоз од Битола до Пелистер за фестивалот „Пелистерски Вајб“

Поради големиот интерес за настанот „Пелистерски Вајб“, кој ќе се одржи во понеделник, 8 септември 2025 година, организаторите во соработка со превозниците Пелалинк, Хера турс и МИГ травел обезбедија бесплатен превоз за

Омерагиќ горд на младите фудбалери по двојната победа над БиХ

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, им упати честитки на младите репрезентативци до 19 години за двете победи против селекцијата на Босна и Херцеговина. „Пет победи во низа за младите

Коњановски во центарот на градот со кампањата „Предложи идеја“

На Широк Сокак, во центарот на Битола, градоначалникот Тони Коњановски ја продолжи кампањата „Предложи идеја“, чија цел е граѓаните директно да ги изнесат своите предлози и иницијативи за подобра иднина на општината.

Инфлуенсер објави снимка од крвава борба со крокодил, му се заканува голема казна (ВИДЕО)

Холстон објави видео од неговата средба со крокодилот, што предизвика осуда од локалните групи за права на животните. Драматична борба во плитките води Во видеото објавено во четврток, 4 септември, Холстон прво го
Go toTop