Најмалку 15 Палестинци се убиени, повеќемина повредени во израелските напади низ Појасот Газа

July 14, 2025
1 min read

ГАЗА / ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 15 цивили се убиени, а повеќемина повредени во израелските напади низ Појасот Газа од утринава, според медицински извори, јавува Анадолу.

Во израелските напади се убиени пет лица во населбата Ал-Сафтави во северниот дел на градот Газа.

Шест други беа убиени, а десетици повредени во неколку израелски напади врз населбите Тел ал-Хава, Ал-Туфа и Шуџаја во истиот град.

Во централниот дел на енклавата, израелската Армија гаѓаше возило кое се користело за дистрибуција на вода во бегалскиот камп Нусејрат, при што е убиено едно лице, а други беа повредени.

Израелските беспилотни летала убија еден Палестинец, а повредија други во шатор во кој се засолнувале раселените Палестинци во областа Ал-Маваси во Кан Јунис.

Двајца други се убиени во израелски оган додека чекале помош на американско-израелски центар за дистрибуција на помош во западна Рафа, во јужниот Појас Газа.

Отфрлајќи ги повиците за прекин на огнот, израелската Армија продолжи со бруталната офанзива врз Појасот Газа што ја започна на 7 октомври 2023 година, во којашто досега се убиени речиси 58.000 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.

Меѓународниот кривичен суд, минатиот ноември, издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради своите воени дејства против енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сеќавање на Ненад Стојановски, една од најмаркатните фигури на македонскиот театар и глумиште

Следно

Челзи заработи огромна сума од СКП, но и утешната награда за ПСЖ не е лоша

Latest from Blog

Вештакот Марковски: „Пулс“ бил безбеден во 2012 година, сопственикот бил должен да бара пренамена

На денешното судење за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во фокусот на вкрстеното испрашување беше вештакот Горан Марковски, декан на Градежниот факултет во Скопје. Во текот на испрашувањето, адвокатката на

Скопје – Блаце конечно добива продолжение: „Гранит“ ќе гради 10,5 километри автопат

Градежната компанија „Гранит“ го потпиша договорот со ЈП „Државни патишта“ за изградба на вториот дел од автопатот Скопје – Блаце, кој треба да ја поврзе македонската метропола со границата со Косово. Според

Арбелоа: Заслуживме повеќе!

фото: Real Madrid C.F. (X) Менаџерот на Фулам, Алваро Арбелоа, изрази мешани чувства по поразот на неговиот тим од Челзи со 3-2 во нивниот прв натпревар од Премиер-лигата. Шпанецот рече дека е

Зеленски ја објави пораката што ја добил од Трамп!

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ја објави честитката која ја добил од претседателот на САД, Доналд Трамп по повод Денот на независноста на Украина, истакнувајќи дека „овие зборови, исто како и звукот од
Go toTop