Во Реал донеле одлука: Момчето од школата останува, заминува засилувањето од 72 милиони

July 14, 2025
1 min read

Новинарот Жозеп Педрерол објави какви се плановите на „кралевите“ со Гонзало Гарсија и Ендрик, момчето од школата ќе продолжи со првиот тим додека пак засилувањето од 72 милиони евра ќе биде испратено на позајмица.

Гонзало Гарсија доби шанса да го предводи нападот на Реал Мадрид на Светското клупско првенство и одлично ја искористи укажаната прилика, постигна четири погодоци, забележа две асистенции и турнирот во САД го заврши како најдобар стрелец.

Квалитетните партии го привлекоа вниманието, се шпекулира дека преку 10 клубови од Шпанија, Италија и Англија пројавиле интерес за негов ангажман.

Се говореше дека „кралевите“ би можеле да го жртвуваат Гонзало Гарсија и да го продадат со цел да приберат средства за засилување на тимот, но последните информации велат дека момчето од школата останува.

Како што пренесува новинарот Жозеп Педрерол, планот е Гонзало Гарсија да продолжи со првиот тим на Реал.

Мадрид ќе го напушти Ендрик, засилувањето од 72 милиони евра ќе биде испратено на позајмица во клуб кој ќе може да му гарантира поголема минутажа.

Останува да се види што ќе се случи во следниот месец ипол, и дали Реал Мадрид ќе мора да крои нови планови – одредени извори велат дека Ендрик не сака да замине, целта му е да се наметне кај Чаби Алонсо.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Сирија со регионална помош ги става под контрола шумските пожари во Латакија

Следно

КАСИНОС АВСТРИЈА ИНТЕРНЕШАНАЛ МАКЕДОНИЈА СО ПОДДРШКА ЗА ГАЛИЧКА СВАДБА – ЧУВАРОТ НА МАКЕДОНСКАТА ТРАДИЦИЈА

Latest from Blog

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и

СЛУЧАЈНОСТ ИЛИ НЕШТО ПООПАСНО? Силни потреси во три различни делови од светот

Три силни земјотреси во ист ден ги погодија Јапонија, Венецуела и американската сојузна држава Калифорнија, предизвикувајќи загриженост и прашања дали овие настани се меѓусебно поврзани, пишува CNN. Во Јапонија беше регистриран земјотрес

Бугарското МНР негира дека дистрибуирало дипломатска нота во врска со посетата на семејството на Мицкоски

Бугарското Министерство за надворешни работи негираше дека дистрибуирало дипломатска нота поврзана со посетата на Бугарија на семејството на премиерот, Христијан Мицкоски, објавија бугарските медиуми. „Министерството за надворешни работи не дистрибуираше дипломатска нота
Go toTop