Уште еден палестински новинар убиен во израелски напад во Газа

July 14, 2025
1 min read

ГРАД ГАЗА / ИСТАНБУЛ (АА) – Уште еден палестински новинар е убиен вчера во израелски воздушен напад врз населбата Ал-Зејтун во југоисточниот дел на градот Газа, според медицински извори цитирани од Анадолу.

Во нападот загинаа двајца Палестинци, меѓу кои и новинарот Фади Калифа, соопштија изворите, без да дадат дополнителни детали.

Со смртта на Калифа бројот на новинари убиени во Газа од почетокот на воената кампања на Израел на 7 октомври 2023 година се искачи на 230, според податоците од Канцеларијата за медиуми на Владата на Газа.

Во четвртокот, Канцеларијата соопшти дека новинарот Ахмад Абу Ајша го загубил животот откако бил директно погоден во израелски напад со дрон пред неговиот дом во областа Саварха, западно од бегалскиот камп Нусеират во централна Газа.

Отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, Израел спроведува брутална офанзива врз Газа од крајот на октомври 2023 година, во којашто убиени се над 58.000 Палестинци, повеќето од нив жени и деца. Немилосрдното бомбардирање ја уништи енклавата и доведе до недостиг на храна и ширење болести.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сончево и топло време, попладне со мала облачност

Следно

Трамп им ја уништи прославата на Челси, остана со нив кога го креваа пехарот! (ВИДЕО)

Latest from Blog

Нова ликвидација во близина на Москва: Убиен уште еден руски генерал? (ВИДЕО)

Руските власти сè уште официјално не го објавија идентитетот на жртвата. Според каналот на Телеграм, Шот, мажот е 62-годишен, додека некои други извори одат чекор понатаму и шпекулираат дека жртвата е дури

„Тука не смееш и животни да оставиш да живеат“, и пациентите и вработените во опасност

Екипата на „Фокус“ го посети и машкиот оддел во Психијатриската болница во Бардовци, кој во моментов се реновира, но, според кажувањата, тоа изгледало како од хорор-филм. Во такви страшни услови, децении живееле

14 загинати во нов израелски напад низ јужен Либан

Нападите биле изведени во повеќе подрачја, меѓу кои Тир, Марваније и Зифта, во округот Набатије. Нападите продолжуваат во период на зголемени тензии меѓу Израел, Хезболах и Иран. Хезболах соопшти дека таргетирал израелски

Инвеститорите активни, индексите мирни: Македонската берза со промет од речиси 27 милиони денари на дднешната сесија

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 09.06.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.689,62 поени. Во однос на
Go toTop