Мицкоски: Наместо за инвестиции во напредни технологии, владата на СДСМ-ДУИ не донесе во ситуација да зборуваме дали ќе имаме леб

March 4, 2023
1 min read

Тоа е ад-хок решение кое што практично е од денеска за утре, тоа не е решение на долг рок кое што може да обезбеди цена која што е прифатлива за граѓаните. Инаку, сите ние треба да се обединиме и да помогнеме, граѓаните овие основни производи да ги добијат по најниска можна цена, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски од денешната посета на празнувањето на Тодорова сабота денеска во општина Свети Николе.

Мицкоски ова го истакна, запрашан од новинарите дали владината одлука за замрзнување на цени на производи е економски потег, при што додаде дека за да се овозможат услови за граѓаните основните производи да ги набавуваат по најниски цени, владата ќе мора да ги поддржи производителите на тие производи.

Додаде дека нема мерки од страна на владата за намалување на инфлацијата која руши рекорди, нема ниту некаква економска политика и дека владата на СДСМ и ДУИ Македонија ја доведе во состојба да зборува за тоа дали македонските граѓани ќе имаат леб за да се прехранат, наместо да се зборува за инвестиции во напредни технологии.

„Владата треба да ги поддржи сите оние кои што го произведуваат овој основен производ за да можат граѓаните да платат најниска цена. Ние денеска, за жал, рушиме рекорди по инфлација, двојно поголема од онаа што ја има во Европската унија, немаме никаква економска политика, прават гол ПИ-АР сликајќи се по маркети со две векни леб во раката премиерот и останатите министри наместо да го решаваат проблемот. Едно дно, сеопшто дно, едно општествено дно во која што ја втурнаа Македонија. И денеска ние во 21 век, наместо да зборуваме за вештачка интелигенција, да зборуваме за тоа како ќе инвестираме во напредни технологии, ние зборуваме дали ќе имаме леб. Ете, до таму не дотера оваа Влада на СДСМ и ДУИ“, истакна Мицкоски.

Во однос на обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ е против ниската цена на лебот, Мицкоски посочи дека тоа е лага и дека такво нешто и таква изјава не постои, туку напротив, ВМРО-ДПМНЕ е партија која што се залага за намалување на сите трошоци на македонските граѓани, особено намалување на трошоците за основните прехранбени производи и за таа цел, тој прв предложи намалување или укинување на ДДВ-то за овие производи.

„Таква изјава не постои. Јас би сакал ако можеме ние како држава во овие тешки моменти, комплетно да можеме основните артикли да ги сведеме на минимум цената за чинење и трошоците на граѓаните. А впрочем, јас бев првиот кој што зборуваше за намалување на ДДВ-то или укинување на ДДВ-то за основните прехранбени производи. Така што, не ме чуди, оваа Влада е склона само на две работи, а тоа се крадење и лажење. Така што, они ќе си продолжат да крадат и да лажат уште неколку месеци од денес, а потоа треба и да одговараат за тоа“, истакна Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден и Шолц ветија постојана поддршка за Украина

Следно

ЌЕРКИТЕ НА МАРИН БАБИЌ ГО ВРАЌААТ ШОУТО „ГЛУМЦИТЕ ПЕАТ“ НА 20 АПРИЛ ВО НОБ

Latest from Blog

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави,

Меџити: Продолжуваме со реализацијата на мастер-планот за урбан развој на Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со урбанистот и архитект од Турција, Бајрам Вардар, изврши теренски увид во реализацијата на проектите опфатени со мастер-планот за урбан развој на општината. При посетата

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август,
Go toTop