Вечерва во 360°: Како се станува судија или обвинител во Македонија – по заслуги или со врски?

March 3, 2023
1 min read

Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува директорката на Агенцијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска, се емитува вечерва (3 март 2023 г.) од 22:20 часот на ТВ Алсат

Советот на јавни обвинители донесе одлука да распише оглас за прием на 31 јавен обвинител, сите во обвинителства надвор од Скопје. Меѓу 28-темина кандидати што ќе може да конкурираат за 31-то отворено место, најзвучното име за кое се крена врева во јавноста по објавувањето на конечната ранг-листа на оние што ја завршиле обуката на Академијата за судии и јавни обвинители, е Барлет Џафери, син на претседателот на Собранието, Талат Џафери. На огласот ќе може да се пријави, на пример, и Албулена Абази, сопруга на шефот на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази, како и Јетмир Беџети, син на судијата во скопска апелација, Енвер Беџети, кој беше известител при одлуката да се укине првостепената пресуда во случајот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“, предмет за кој Судскиот совет заклучи дека неразумно долго бил држен во апелацискиот суд. Регрутирањето на идните судии и обвинители, квалитетот на обуката што ја добиваат и колку таа ги подготвува за сериозните задачи со кои се соочуваат при идната работа, е главната тема на која разговараме со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска.

Емисијата се емитува од 22:20 часот на ТВ Алсат.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Албанскиот претседател, Бегај следната недела во Брисел ќе се сретне со Столтенберг

Следно

Србија не извезува воена опрема за Украина, тврди Дачиќ

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop