Пожар во висококатница во Берлин предизвика паника кај граѓаните

June 30, 2025
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Голем пожар избувна на последниот кат од висококатница во изградба во Берлин, на само 250 метри од седиштето на Христијанско-демократската унија на Германија (CDU), предизвикувајќи паника во подрачјето, јавува Анадолу.

Повеќе од 100 пожарникари интервенираа на местото на настанот, на аголот меѓу улиците Курфирстен и Шил, каде што се наоѓа зградата која сѐ уште е во фаза на изградба.

Сведоци пријавиле дека за време на пожарот се слушнале три силни експлозии, за кои се претпоставува дека биле предизвикани од боци со гас користени во градежните активности.

Поради пожарот, околните улици беа затворени за сообраќај, што предизвика голем сообраќаен метеж.

Властите сè уште не дадоа информации за причината за пожарот, ниту дали има повредени или жртви.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Костовски: Бутел останува општина еднаква за сите

Следно

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ го напушти Милан

Latest from Blog

Божиновска и вработените од Министерството во еколошка акција покрај Вардар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денес заедно со претставници од Министерството учествуваше во големата еколошка акција „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2026“, која се реализираше на кејот на Вардар. Во рамки

Македонска берза: Комерцијална банка, Телеком и Макпетрол најтргувани – МБИ10 во минус за 0,10%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 08.05.2026, индексот МБИ10изнесуваше 9.936,34 поени, со дневен пад од 0,10%, односно –10,09 поени, додека ОМБ изнесуваше 129,90 поени, без дневна промена, односно 0,00% и 0,00
Go toTop