Трајаноски: Борбата против родовата еднаквост е дел од пропагандната војна на Русија против Западот

June 30, 2025
2 mins read

На панел-дискусијата „Полова ≠ Родова еднаквост: Каде згрешивме во разбирањето?“, Жарко Трајаноски, истражувач во Институтот за медиуми и аналитика ИМА, кој речиси 30 години активно работи на истражувања поврзани со родова еднаквост, се осврна на последиците од институционалното бришење и сатанизацијата на родовата еднаквост во јавниот дискурс, посочувајќи го патот по кој овие назадни промени се случуваат во нашето општество.

Најпрвин, тој ја истакна парадоксалната разлика меѓу декларативната поддршка и реалните политички дејствија на властите во однос на родовата еднаквост.

„Имаме една, да не речам, натпартиска стратегија за родова еднаквост уште од 2013 година, кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ… Имаме сега претседателка којашто е шампион, има добиено медал за борба за родова еднаквост, и којашто декларативно не престанува да се бори за родова еднаквост, дури кога оди во Генералното Собрание на Обединетите нации… Меѓутоа, од друга страна, имаме една друга тенденција, а тоа е тенденција да се избрише родовата еднаквост и секое споменување на родот… Сето тоа со еден потег да се избрише. Да се бара од платформите, од мрежите – претседателката да не го потпишува тој закон, каде што се брише тоа, а таа сепак да го потпише. Тоа е, ако ме прашувате мене – таа се избриша самата себеси и сето она што го правеше последните 30 години со тоа што дозволи да се избрише родовата еднаквост. И јас ги признавам нејзините декларативни заложби за родовата еднаквост, меѓутоа од друга страна не можам да негирам дека таа стави потпис на закон на којшто се брише родовата еднаквост“, нагласи Трајаноски.

Воедно, тој предупреди на директното странско влијание во дискредитирањето на родот како поим и политика, вкоренето во руската пропагандна стратегија против Западот, во која родот се користи како оружје во таа идеолошка војна, а нејзини прокси-актери делуваат во Македонија – преку политички и верски структури.

„Ние објавивме… не само медиумски туку и други анализи, на она што се случуваше како протест на МПЦ и како борба против родова идеологија, каде што укажавме дека на чело на тој протест, во првите редови, зад тој транспарент… што го држеа таканаречената Коалиција за заштита на децата, се всушност активисти на проруската партија „Родина“, чија лидерка, една од лидерките или финансиерките на „Родина“, е исто така гласноговорник, на таа Коалиција за заштитата на децата… Значи, борбата против ова што тие го нарекуваат родова идеологија е дел од пропагандата војна на Русија против Западот, каде што одредени прокси, да речеме, во таа пропагандна војна дејствуваат во сите земји, не само во ЕУ и на Балканот, туку и кај нас, и коишто направија еден таков упад, не само во МПЦ, туку и во сите други религиозни организации коишто го подржаа тој протест… Последиците од тоа се, практично, бришење на едно основно, препознаено, фундаментално човеково право… И сето тоа, парадоксот е – тоа се прави од името на заштита на децата, а всушност, станува збор за право коешто е признаено како право на детето“, укажа Трајаноски.

Тој посочи дека последиците од ваквите тенденции не се апстрактни, туку директно загрозуваат едно од темелните човекови права и слободи со кои жените се стекнале одамна. Затоа, треба да се врши притисок на сите јавни чинители во општеството кои веќе декларативно и институционално се залагале за афирмација на родовата еднаквост.

„Овде станува збор за директни напади врз жените и она што веќе го стекнаа последниве 30 години, после Пекиншката платформа, каде што родовата еднаквост беше признаена, не само како основна заложба, туку како основно човеково право… И, оттаму сметам дека притисокот треба да се врши и кон претседателката, и кон сите, ние имаме министерки и во сегашната влада, кои што се залагаа за родова еднаквост декларативно. Притисокот треба да биде кон сите нив, и кон сите оние коишто имаат до сега гласано за последните стратегии за родовата еднаквост“, заклучи Трајаноски.

На панел-дискусијата во организација на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, говорници беа и Александра Цветковска – активистка за женски права и родова еднаквост, Назим Рашиди – новинар и Санела Шкријељ – активистка за човекови права и родова еднаквост. Тие се осврнаа на последиците од занемарувањето на разликата меѓу биолошкиот пол и општествениот род, со што се креираат погрешни политики и го критикуваа напуштањето на концептот за родова еднаквост, кој има суштинска улога во борбата против насилството и дискриминацијата.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

За Данска четврта титула од младинските ракометни Мундијали

Следно

Кејн му пресуди на Фламенго

Latest from Blog

(ВИДЕО) Омерагиќ: „Само напред, момци!“ – по победата над Лихтенштајн

По убедливата победа од 5-0 против Лихтенштајн, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, се сретна со македонските фудбалери за да им честита на успехот. „Само напред, момци! Сигурно и самоуверено,

Педофил од Германија снимал голи деца на плажа во Истра, го фатил чуварот

Мажот бил пронајден во туристички објект во областа на Истра од страна на вработен во компанија за обезбедување додека педофилот тајно снимал голи деца на плажа со својот мобилен телефон, соопшти полицијата.

Квалификации за СП 2026: Шпанија ја “распарчи“ Турција, Белгија го “торпедира“ Казахстан, четата на Нагелсман се мачеше…

ФОТО: Selección Española de Fútbol/FB Вечерва се одиграа неколку натпревари од квалификциите за СП 2026. Фудбалска Турција ќе го памети вечно овој 7 септември 2025 година зошто на свој терен, во Коња

Gmail конечно ќе ве извести

Google продолжува да го развива Gmail како централно место за комуникација, а наскоро корисниците би можеле да добијат неколку практични функции за интеграција со Google Chat. Како што објави Android Authority, во
Go toTop