Маричиќ: Време е Владата искрено да каже – промената на преговарачката рамка е речиси невозможна

June 26, 2025
1 min read

Поранешниот вицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија упати критика до новата Влада, повикувајќи на искреност и јасна позиција околу процесот на европските интеграции и односот со Бугарија. Тој порача дека обидите за ревидирање на преговарачката рамка се нереални и дека е време тоа јасно да се соопшти на јавноста.

„Јас сум растеретен од било каква политичка функција, но како граѓанин заинтересиран за ЕУ, сакам да видам каде Владата сака да ја одведе Македонија. На почетокот се зборуваше дека ќе ја смениме преговарачката рамка, потоа дека ќе чекаме нова бугарска Влада, па писма до ЕУ, па Стразбур, па одложено дејство… и на крај, приказната не успеа,“ рече Маричиќ.

Тој истакна дека досега се направени неколку нереални чекори за промена на европската позиција на Македонија, но по една година неуспешни обиди, потребно е да се признае дека таквата промена е речиси невозможна.

„Многу е поважно сега да се слушне еден искрен одговор, дека нема лесна можност да се смени преговарачката рамка. Тоа е речиси невозможно. Треба да престанеме со илузии,“ потенцираше тој.

Маричиќ предупреди и на опасноста од повторно враќање на прашањата за јазикот и идентитетот на преговарачката маса, што би значело повторно предавање на контролата во рацете на Бугарија.

„Што е доволна гаранција дека нема да има нови барања? Повторно сакаме да го ставиме клучот во рацете на Бугарија, да нè прашуваат дали сме Македонци? Прашањата за идентитетот и јазикот мора да бидат надвор од масата,“ рече тој.

Тој потсети дека уште во 2022 година, пратеничката група на СДСМ предложила заклучоци кои беа усвоени во Парламентот, според кои овие теми не смеат да се отвораат. Доколку тоа се случи, смета Маричиќ, преговорите со ЕУ треба веднаш да се прекинат.

На крајот, тој заклучи дека најголемиот дел од работата во текот на преговорите зависи од самата држава:

„Нема гаранции ниту од Холандија, ниту од Шведска. Но, од нас се очекува да ги имплементираме реформите. И тука лежи клучот – во нашата волја и капацитет,“ заврши Маричиќ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер Фидан во Анкара оствари средба со унгарскиот колега Сијарто

Следно

Сабота и недела авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци

Latest from Blog

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер

Одлични вести за навивачите на Барселона: Рафиња и Де Јонг се враќаат за дуелот против Бетис

Барселона ја очекува тешко гостување кај Бетис во деветтото коло од Ла Лига, а тренерот Ханси Флик на прес-конференцијата потврди дека Рафиња и Френки де Јонг се опоравиле од повредите. Каталонците имаат

Македонската берза ја заврши неделата во минус: МБИ10 падна на 9.006,70 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.006,70 поени. Во однос
Go toTop