Иранскиот Совет на чувари одобри закон за суспендирање на соработката со МААЕ

June 26, 2025
1 min read

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Иранскиот Совет на чувари денес објави дека одобрил закон за суспендирање на соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), јавува Анадолу.

„Предлог-законот, кој беше усвоен од иранскиот Парламент во средата, беше одобрен од Советот на чувари“, изјави Хади Тахан Назиф, портпарол на Советот.

Изјавата беше емитувана на државната телевизија. Со ова законот стана важечки.

Според портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, претставниците на МААЕ сега нема да имаат право да влегуваат во земјата за инспекции сè додека не се гарантира безбедноста на нуклеарните објекти на Иран и мирните нуклеарни активности на земјата.

Овој потег доаѓа по 12-дневната војна меѓу Иран и Израел, која заврши во вторникот откако американскиот претседател Доналд Трамп прогласи прекин на огнот.

Израел ги нападна иранските нуклеарни и воени објекти на 13 јуни, тврдејќи дека го спречил Техеран да развие нуклеарно оружје. Иран негира дека се стреми кон нуклеарно оружје. САД, исто така, бомбардираа три ирански нуклеарни објекти, велејќи дека биле уништени.

Во меѓувреме, МААЕ побара враќање на инспекторите на оштетените ирански локации.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Метео предупредување: Утре попладне и навечер нестабилност до пороен дожд, силен ветер и град

Следно

Ердоган ги поздрави напорите на Трамп за прекин на огнот меѓу Иран и Израел, повика на сличен напор и за Газа и Украина

Latest from Blog

Македонска берза: Комерцијална банка, Телеком и Макпетрол најтргувани – МБИ10 во минус за 0,10%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 08.05.2026, индексот МБИ10изнесуваше 9.936,34 поени, со дневен пад од 0,10%, односно –10,09 поени, додека ОМБ изнесуваше 129,90 поени, без дневна промена, односно 0,00% и 0,00

Бруно напаѓа рекорд: Само уште две асистенции за да ги надмине Анри и Де Брујне

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, е на пат да направи неверојатен историски рекорд во Премиер лигата. Имено, Португалецот во дресот на „црвените ѓаволи“ досега оваа сезона има 19
Go toTop