Атлетик Билбао бара да се блокира трансферот на Вилијамс во Барселона

June 26, 2025
1 min read

Атлетик Билбао не е подготвен лесно да се раздели од Нико Вилијамс и е на пат да им ги отежни работите на Барселона. Баскијците веќе јасно ставија до знаење дека доколку Каталонците сакаат да го привлечат крилниот напаѓач, ќе мора да ја платат неговата откупна клаузула од 58 милиони евра, сума која беше прифатена од страна на првакот.

Сепак, се покажа дека според информациите од Радио Билбао, Атлетик имал податоци што укажуваат дека Барселона не го почитувала правилото 1:1 од финансиската контрола на Ла Лига, што е клучно за правење трансфери како оној на Вилијамс. Ова е затоа што клубот не го исполнува условот 1:1 – т.е. да може да потроши онолку пари колку што добил. Па сега Баскијците побараа евентуалниот трансфер да биде блокиран.

Претседателот на Атлетик, Џон Уријарте, и генералниот менаџер Џон Берасатеги, наводно, се во Мадрид поради деловни разговори поврзани со женската Ла Лига и го искористиле престојот во главниот град за официјално да ги искажат своите загрижености до Кралската шпанска фудбалска федерација и самата Ла Лига.

Пред неколку дена, првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, јавно изјави дека каталонскиот клуб сè уште не е во согласност со правилото 1:1, но претседателот на Барса, Жоан Лапорта, е уверен дека неговиот клуб ќе ги исполни условите пред 30 јуни, кога се очекува да биде одобрен договорот за трибините на „Камп Ноу“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Иран делумно го отвори воздушниот простор по прекинот на огнот со Израел

Следно

Ѕвездена ноќ над „Замокот на македонските војници“ во античкиот град Блаундос, Турција

Latest from Blog

ПЛЕЈ – ОФ: Цеље не успеа да испише историја, ова се сите клубови кои ќе играат во Лигата на Шампионите(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/nkcelje/ Штета за Цеље, тим од Словенија кој вечерва не успеа за првпат во својата историја да се пласира во ЛШ односно во Лигашката фаза во најелитното клупско натпреварување во Европа. Од

Смрт поради лајкови: Нов опасен тренд ги залуди младите- возат во спротивна насока, сѐ снимаат и објавуваат

Од таканаречените „тинејџерски лудории“ на јавни простори во Соединетите Американски Држави, што доведоа до воведување на полициски час, до „предизвикот за затемнување“, за време на кој корисниците  намерно се задушуваат, виралните, а

„Онкологија“: Одбраната посочува дека во лекувањето на 31 пациент учествувале 28 лекари

Во лекувањето на дел од пациентите во случајот „Онкологија“ учествувале повеќе медицински лица, поради што не може да се бара индивидуална одговорност за целиот процес на лекување, истакна техничкиот советник на првообвинетиот
Go toTop