Во Хаг денеска продолжува Самитот на НАТО 

June 25, 2025
1 min read

Во фокусот на дведневниот Самит во Хаг е предлогот на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за зголемување на процентот на финансиските средства коjшто државите-членки на Алијансата годишно го одвојуваат од националниот БДП.

Во пресрет на Самитот, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте порача дека главниот фокус на собирот ќе биде на тоа да се обезбеди дека Алијансата има се што и е потребно за да може да одвраќа и да се одбрани од каква било закана. 

Руте нагласи дека Самитот се одржува во „вистински историски момент“, во услови на растечки безбедносни предизвици и затоа како што светот станува поопасен, така сојузничките лидери ќе донесат смели одлуки за зајакнување на колективна одбрана, правејќи ја Алијансата посилна, пофер и поборбена. 

Претседателката Сиљановска-Давкова која ја предводи македонската делегација синоќа присуствуваше на вечерата што ја организира холандскиот крал Вилем-Александар за учесниците на Самитот, меѓу кои и американскиот претседател Доналд Трамп.

Предвидено е претседателката и членовите на македонската делегацијата, на маргините на Самитот, да имаат повеќе средби со претставници на земјите членки на НАТО.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новак Ѓоковиќ сака да се пресели во Грција

Следно

Пеколни температури денеска низ Македонија – до 39 степени!

Latest from Blog

Катастрофа во Непал: Стотици загинати и исчезнати, меѓу кои околу 300 странски туристи (ВИДЕО)

Најмалку 95 лица загинаа, објави Би-Би-Си, додавајќи дека меѓу 384 исчезнати се 105 Индијци и 12 Британци, како и 111 лица чии националности сè уште не се потврдени. Ненадејните поплави во Непал
Go toTop