Муцунски во интервју за ТВ21: Бугарија навлезе во руски наратив кој има цел дестабилизација на регионот

June 24, 2025
1 min read

НАТО постои веќе повеќе од 75 години и никогаш порано немало сомнение дека сојузниците можат да сметаат едни на други. Сè до сега. Американскиот претседател Доналд Трамп отворено шпекулира дека земјите-членки на НАТО може да бидат нападнати од Русија ако трошат премалку за одбраната. Безбедноста на Западен Балкан исто така беше тема на разговор.

Самитот во Хаг треба да му испрати порака на Владимир Путин дека НАТО е обединет, и покрај претходните критики на Доналд Трамп кон Алијансата, и дека е решен да ја прошири и надгради својата одбрана за да одврати каков било напад од Москва.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте рече дека САД „сè уште се со нас“, но дека американскиот претседател Доналд Трамп очекува сојузниците да се справат со прашањето за трошоците за одбрана.

„Мојата порака до моите европски колеги е: престанете толку да се грижите, почнете да се фокусирате на тоа да ги реализирате инвестициските планови, да ја активирате индустриската база, и да обезбедите поддршката за Украина да остане на високо ниво – за среќа, сè уште е така. Мислам дека на тоа треба да работите, а не да трчате наоколу грижејќи се за САД. Тие се тука, тие се со нас.“, рече Руте.

НАТО посебен акцент става на Западен Балкан. Руте рече дека има разговори со српскиот претседател Александар Вучиќ но рече дека не секогаш се согласуваат. „Во Косово го имаме КФОР, а соработка во БиХ имаме преку ЕУФОР“.

Дали оваа поширока нестабилност може да влијае и на Западен Балкан? Дали ние од Западен Балкан треба да бидеме загрижени?

„Мислам дека е точно, и ова е многу добро последно прашање. Бидејќи, да не се лажеме, безбедносната ситуација драматично се промени во последните неколку години. Секако, во 2014 година со окупацијата на Крим, но особено со целосниот напад врз Украина во 2022 година. И оттогаш, ова масовно реконституирање на Русија, на нејзините вооружени сили“, вели Руте.

Бомбардирањето на иранските нуклеарни постројки од САД за време на викендот го прави самитот многу помалку предвидлив отколку што би сакал Руте, поранешениот премиер на Холандија и домаќин на собирот во неговиот роден град.

Изјавата која ќе биде потпишана, а во која Ројтерс имаше увид стои дека дека се потврдува непоколебливата посветеност на колективната одбрана како што е загарантирано во Член 5 од Вашингтонскиот договор – дека нападот врз еден е напад врз сите.

Македонската делегација тука во Хаг ја предводи претседателката Гордана Силјановска Давкова, а друштво и прават министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски како и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Претседателката ќе има и средби со лидери од други држави-членки на НАТО, на кои ќе се разговара за прашањата од регионална безбедност, евроинтеграцијата и позицијата на Македонија во рамки на Алијансата, а средба со бугарската делегација нема да има.

Јовица Пауноски, ТВ21, Хаг, Холандија.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата донесе мерки поради топлотниот бран

Следно

Ѓорчев во Отворено: Извештајот говори и дека уставните измени треба да се спроведат

Latest from Blog

Што се случува со вашиот холестерол кога ќе почнете да земате витамин Д?

Многумина веруваат дека земањето додатоци на витамин Д може да помогне во намалувањето на нивото на холестерол, масна супстанција чии високи нивоа го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања. Иако витаминот Д е

ВЛЕН ја завршува 24-годишната битка за правично застапување

Коалицијата ВЛЕН го поздравува позитивното мислење на Комисијата на Венеција за Законот за правично и соодветно застапување, кој беше претставен од заменик-премиерот Арбен Фетаи, со што се дава зелено светло за процесот

Се огласи ЗНМ: СДСМ ја ограничува слободата на медиумите

Политичките субјекти треба да се воздржат од јавно етикетирање и дискредитација на медиумите. Таквите настапи можат да влијаат ограничувачки врз слободата на изразување и да ја намалуваат довербата во јавноста, што оправдано

Познат актер е најден мртов во својот стан во Њујорк- играше негативец во легендарен филм

Грин беше пронајден мртов во неговиот стан во Долниот Ист Сајд во Њујорк, потврди неговиот менаџер Грег Едвардс. Тој не ја наведе причината за смртта. Смртта на Грин првпат ја објави „Њујорк

Кој е планот на Трамп за Западен Балкан?

Новата стратегија за национална безбедност на САД, потпишана од американскиот претседател Доналд Трамп, јасно покажува поместување на фокусот од глобалниот ангажман кон строго дефинираните интереси на САД, при што Западниот Балкан се
Go toTop