Родот во медиумите во фокусот на вториот јавен состанок на АВМУ

June 24, 2025
1 min read

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го одржа вториот јавен состанок за оваа година, на кој директорот д-р Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци.

Присутните имаа можност да слушнат за активностите поврзани со спроведените надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, издавачите на печатени медиуми, давателите на АВМУ по барање, изречените мерки јавна опомена, изработените анализи и студии, активностите на полето на меѓународната соработка и европската интеграција.

На состанокот беа презентирани и наодите од анализата „Родот во медиумите 2024: Родовите прашања и начинот на претставување на жените и мажите во ударното време на националните телевизии“, изработена за потребите на Агенцијата. Во анализата се опфатени содржините емитувани на програмските сервиси МРТ 1, МРТ 2, Алсат – М, Алфа, Канал 5, Сител и Телма во периодот од 9 до 22 септември 2024 година. Во фокусот на ова истражување беа содржините што се емитуваа непосредно по завршувањето на централните вести на овие телевизии, бидејќи токму тие програми привлекуваат најголем број гледачи и соодветно на тоа имаат значително влијание врз формирањето на ставовите и перцепциите на јавноста.

Резултатите од анализата покажаа дека во ударните термини на телевизиите најмногу се емитуваа серии и серијали (45 %), по што следуваа информативните емисии со 24 % и играните филмови со 22 %, а најмалку застапени беа документарните програми со 5 % како и хумористичните и музичките програми со по 2 %. Онаму каде што доминираа серијалите од турска продукција, жените на екранот беа подолго прикажани од мажите (во 52 % од времето на екранот и исто толку во времето поминато во говорот), а во сите останати содржини процентот на времето во кое мажите се прикажуваа на екранот беше многу поголем од процентот на жени.

Во повеќето анализирани содржини, објективизацијата и сексуализацијата на жените беше минимална или отсутна, што е позитивен знак за почит кон родовата еднаквост. Во некои емисии, особено во информативните програми, забележани беа обиди за користење родово сензитивен јазик, што претставува позитивен чекор кон инклузивноста. Родово стереотипниот јазик се јавуваше поретко, додека најчесто се користеше неутрален јазик во речиси сите типови на програмски содржини. Анализата е достапна на веб страницата на Агенцијата www.avmu.mk

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фон дер Лајен: Европската одбранбена индустрија се разбуди

Следно

Османи за тв 24: Извештајот на Вајц бара од земјата да продолжи по европскиот пат преку уставни измени

Latest from Blog

НОВИ ДЕТАЛИ за системот „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Како функционира и што може да регистрира?!

Почетокот на примена на системот „Безбеден град“, на патиштата означува нов начин на сообраќајна контрола, којшто се темели на стационарни радарско-видео камери со висока техничка прецизност. Иако во јавноста фокусот беше на

Фирмата во Скопје, на уапсениот Србин за 5 тони марихуана, работела со загуби, а одгледувала канабис за медицински цели

Иван Драгниќ, еден од српските државјанин, кој беше уапсен во голема полициска акција во Србија, за пет тони марихуана, а за кои сомнежот е дека е внесена од Македонија, има фирма во

По смртта на тинејџерот бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството. Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата

До 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 февруари 2026. -Правото на субвенциониран
Go toTop