Израелската армија уби уште 45 Палестинци кои чекаа хуманитарна помош во јужна Газа

June 17, 2025
1 min read

ГРАД ГАЗА / ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку уште 45 Палестинци се убиени денес во нов масакр извршен од израелските сили врз цивилите што чекаа хуманитарна помош во јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Министерството за здравство на Газа соопшти дека жртвите биле таргетирани на кружниот тек Ал-Талија во Кан Јунис, каде што се собрале поголем број луѓе за да земат хуманитарна помош. Се додава дека десетици од повредените се во критична состојба и пренесени се во Медицинскиот комплекс „Насер“.

„Собите за итни случаи, одделенијата за интензивна нега и операционите сали во болницата ‘Насер’ се преполни поради големиот број жртви“, соопшти Министерството, предупредувајќи дека медицинските екипи работат со сериозно ограничени резерви на лекови и круцијална опрема.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Седум години од Преспанскиот договор

Следно

Мареска задоволен од изданието на неговиот тим на натпреварот со Лос Анџелес

Latest from Blog

Коњановски: „Car Show – Битола 2026“ со рекордна посетеност и богата програма

Исклучителна чест ми беше да го посетам „Car Show – Битола 2026“, настан кој годинава повторно потврди дека Битола може да организира манифестации со меѓународен карактер и високо ниво на организација, истакна

Почна одбројувањето за владините фотелји – кој ќе преживее до први јули?

Од „Илинденска“ потврдуваат дека Мицкоски останува на позицијата внимателно да ги следи состојбите во институциите и реконструкцијата е резултат на неговото незадоволство од функционери што се оддалечуваат од принципите врз кои е

Иран: Мировниот договор со САД зависи од завршувањето на војната во Либан (ВИДЕО)

Иран повторува дека не сака нуклеарно оружје. Спроведувањето на американско-иранскиот мировен договор не е можно ако војната во Либан не заврши, изјави Сејед Мехди Табатабаи, заменик за комуникации и информации во Кабинетот

Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола

Од утре до 1 јули, времено нема да сообраќаат дел од патничките возови во земјава и тоа од Скопје во правец кон Велес, Гевгелија и Битола, поради завршни градежни работи за проектот
Go toTop