Бројот на жртви во авионската несреќа во Индија се зголеми на 270

June 14, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Додека продолжуваат напорите за отстранување на остатоците во населбата Мегани Нагар и регионот каде што се урна авионот на Ер Индија во Ахмедабад, државните власти дадоа соопштение во врска со бројот на жртви, известува Анадолу.

Давал Гамет, лекар кој работи во државната болница, за Асошиејтед Прес (АП) изјави дека бројот на жртви се зголемил на 270, откако е пронајдено телото на уште едно лице.

Информирајќи дека продолжува третманот на Рамеш Висвашкумар, единствениот преживеан патник во авионската несреќа, Гамет рече:

„Состојбата на (Вишвашкумар) е многу добра и тој наскоро ќе биде отпуштен“.

– Пронајдена е црната кутија

Властите што ја истражуваат авионската несреќа објавија дека црната кутија, која ги регистрирала податоците за летот, пронајдена е во близина на местото на несреќата.

Бирото за истрага на авионски несреќи на Индија, исто така, изјави дека во тек се напори за пристап до податоците снимени во црната кутија.

Според вестите објавени во индиските медиуми, до црната кутија на авионот е пристапено на денот на несреќата, но властите ја негираа оваа информација.

– Авион со 242 лица се урна во Индија

Патнички авион што леташе од меѓународниот аеродром Сардар Валабхаи Пател во Ахмедабад кон аеродромот Гетвик во Лондон, се урна во областа Мегани Нагар кратко по полетувањето на 12 јуни.

Ер Индија објави дека во авионот на летот „AI171“ имало 242 патници и членови на екипажот, од кои 169 биле индиски, 53 британски, 7 португалски и 1 канадски државјанин.

Компанијата потврди дека 241 лице во авионот го загубија животите, а единствениот преживеан е на лекување.

Индиските медиуми информираа дека некои луѓе загинале кога авионот се урнал во зграда на студентски дом во кој престојувале лекари асистенти.

Засега нема официјално соопштение во врска со причината за падот на авионот, а министерот за цивилно воздухопловство Рам Мохан Наиду објави дека е започната истрага за инцидентот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Младите можат да добијат 10 илјади евра за отворање бизнис – Дурмиши го претстави во Тетово оперативниот план на владата

Следно

Претседателот Ердоган разговараше по телефон со саудискиот престолонаследник Салман

Latest from Blog

Тоневски најави стипендии за првенците на генерација во Пробиштип

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска се сретна со учениците прогласени за првенци на генерацијата во основните училишта од општината, упатувајќи им честитки за нивниот постигнат успех и посветеност во образованието.

Европскиот шопинг феномен Pepco официјално пристигна во Скопје: Најавени продавници и во Охрид и Струга!

СКОПЈЕ, 18 јуни 2026 – Денешниот ден го означува почетокот на новата ера на паметно купување во Македонија. Pepco, водечкиот европски дисконтен ланец за разновидна стока, официјално ги отвори своите врати за

Општина Битола ги повикува граѓаните на форум за новото уредување на плоштадот

Општина Битола утре, 23 јуни, ќе го одржи вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој пред граѓаните ќе бидат презентирани предлог-идеите за неговиот иден изглед и уредување.

Камерите го фатија очајниот Суарез додека Уругвај се мачеше (ВИДЕО)

Уругвај и Зелено’ртските Острови одиграа нерешено 2-2 во Мајами во возбудлив натпревар од второто коло од Групата Х на Светското првенство, обележан со пресврти и драматичен финиш. Натпреварот го следеше Луис Суарез,
Go toTop