Владата крои план за цените на производите – Мицкоски: Црешите се скапи поради студот

June 14, 2025
1 min read

Откако на крајот на април заврши мерката со ограничените маржи на дел од производите и одлуката за утврдување на највисоки цени, можни се нови владини мерки ако во меѓувреме производите драстично поскапеле.

„Состојбата со цените јас апсолутно ја следам одблиску и реков дека трикови нема да толерирам. Внимателно следиме што се случува во маркетите.“, вели Христијан Мицкоски.

Мицкоски вели дека ќе се реагира ако има непринципиелни практики кај трговците.

Тој конкретно беше прашан за цените на дел од овошјето кое може да се најде на пазарите и во маркетите.

„Црешите не се 500 денари за килограм. Црешите се движат од 200 до 300 денари за килограм, но и тоа е многу. Тоа е така, поради студот и тоа што беше навистина елементарна непогода за црешите. Истото го афектираше и ресенското јаболко.“, додаде Христијан Мицкоски.

Конкретен став за евентуалните мерки ќе се формира откако на владина седница ќе се разгледа извештајот на Државниот пазарен инспекторат – инспекторите беа на терен во мај, но и месецов, за да проверат дали откако заврши претходната мерка има драстична промена по џебот на потрошувачите.

„Нема драстично зголемување на цените во делот каде што ние сме надлежни, во делот на основни прехранбени производи. Секој месец Државниот пазарен инспекторат ќе биде на терен, ќе гледа и ако случајно се случува да имаме енормно зголемување на цените без економска оправданост на трговците, нормално дека ќе донесеме пак одлуки.“, вели Бесар Дурмиши.

Според министерот за економија Бесар Дурмиши, новите одлуки можат да бидат уште поризгорозни за трговците, производителите и дистрибутерите, ако кај нив во мај и јуни се утврди девијантно однесување.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хрватскиот конзул и неговата сопруга повредени во нападот во Тел Авив, погодена нивната зграда

Следно

Турскиот министер за надворешни работи Фидан оствари телефонски разговор со неговите азербејџански и египетски колеги

Latest from Blog

Лидс плати рекордна сума за голманот на Манчестер Сити

Лидс Јунајтед официјално го потпиша голманот Џејмс Трафорд од Манчестер Сити, поставувајќи нов клупски рекорд за трансфер. Договорот е вреден 40 милиони фунти, вклучувајќи ги и дополнителните бонуси. Оваа сума го надминува

Двајца мртви, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач, во пукотница во училиште во Тајланд

Еден наставник е убиен, а најмалку четири други лица се повредени од ученик кој отворил оган во училиштето пред да се самоубие, соопштија властите. Полицијата ги потврди жртвите и рече дека осомничениот

Делови од три скопски општини денеска без струја, прекини до четири часа

Делови од општините Гази Баба, Бутел и Кисела Вода денеска привремено ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции на мрежата. Според најавениот распоред, прекините ќе траат од три до четири

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките
Go toTop