Пендаровски на ГлобСек 2025 во Прага: „Западниот Балкан не смее да остане сива зона – Европа мора да покаже лидерство“

June 13, 2025
1 min read

Поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, зеде учество на јубилејното 20-то издание на еден од водечките европски безбедносни и геополитички форуми – ГлобСек 2025, што се одржува од 12 до 14 јуни во Прага, Чешка.

Во рамки на панел-дискусијата со наслов „Западниот Балкан на геополитички крстопат: Европски интеграции и растечки регионални тензии“, Пендаровски испрати остри, но јасни пораки до европските лидери, предупредувајќи дека неодлучноста на ЕУ кога станува збор за проширувањето сериозно ги нарушува шансите за трајна стабилност во регионот.

„Повеќе од две децении им зборуваме на европските институции за нашата подготвеност. Западниот Балкан не може вечно да чека пред затворена врата. Колку подолго трае статус кво-состојбата, толку подлабоко навлегуваат актери кои не се водени од европски вредности,“ рече Пендаровски.

Тој подвлече дека западнобалканскиот регион станува поле на геополитичко надмудрување, каде што има присуство на трети страни со јасни антидемократски цели – алудирајќи на Русија, Кина, но и некои блискоисточни влијанија.

Европска перспектива со реални рокови

Пендаровски апелираше до Брисел и земјите-членки на ЕУ да воспостават јасен и предвидлив временски план за проширување, кој ќе внесе нова динамика и доверба кај граѓаните на регионот.

„Ако Европа сака да биде геополитички актер, мора да ја заврши приказната за своето обединување. Тоа не може да се направи без Западен Балкан,“ нагласи тој, додавајќи дека секое ново одложување само ја поткопува довербата во европската идеја.

Повик за регионална соработка

Во своето излагање, Пендаровски ги повика и земјите од регионот да не чекаат само одлуки однадвор, туку да преземат сопствена одговорност преку зголемување на регионалната соработка, реформи и јакнење на демократијата и институциите.

„Не можеме да очекуваме другите да нè почитуваат ако ние самите не си го направиме дворот уреден. Европа треба да нè интегрира, но ние мора да покажеме дека сме подготвени да бидеме дел од тоа семејство,“ изјави Пендаровски.

ГлобСек – стратешка платформа

ГлобСек, кој годинава се одржува во Прага, претставува стратешка платформа која обединува државници, експерти, истражувачи и претставници на граѓанското општество од над 70 земји. Фокусот на форумот оваа година е насочен кон геополитичките предизвици, одбраната, економската безбедност и европската иднина, со посебен акцент на стабилноста на источна Европа и Балканот во контекст на војната во Украина и променетите глобални односи.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Министерот Фидан разговараше за израелскиот напад врз Иран со министерот за одбрана Ѓулер и директорот на МИТ, Калин

Следно

Спорни унапредувања и можна дискриминација во случајот со костадиновски и марковски

Latest from Blog

Трамп постхумно ќе го одликува Чарли Кирк

Американскиот претседател Доналд Трамп му го додели Претседателскиот медал за слобода, највисокото американско цивилно одликување, на починатиот Чарли Кирк. Посмртната церемонија на доделување на наградите ќе се одржи денес во Белата куќа,

Николоски: Коњановски влегува во овие избори без ниту еден скандал, потребна е масовна излезеност

Масовно во Битола! Оваа бројка покажува дека победата ќе биде голема уште во првиот круг! Градоначалникот Тони Коњановски влегува во овие избори без ниту еден скандал и ниедна корупциска афера. Потребна е

Ѓорѓиевски вечерва меѓу сограѓаните: Заедно кон историска победа

Кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва беше меѓу своите сограѓани во Драчево, местото каде секогаш се чувствува најкомотно и најискрено прифатен. „Со луѓето со кои сум израснал ги споделивме
Go toTop