Здравковски до Ковачевски: Единствено што прогресира во Република Македонија се мизеријата, криминалот, корупцијата

March 2, 2023
1 min read

Внимателно ве слушав премиере додека зборувавте во ваш стил, при што за никој не образложивте нешто, ниту кажавте зошто треба да се гласа и зошто треба да се поддржи оваа Влада, туку само ги набројавте имињата на овие кои што треба да станат заменици министри, ниту пак дадовте визија на каде треба да се движи Република Македонија, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравсковски на денешната собраниска седница каде што на дневен ред предлогот за именување на заменици министри.

Во однос на говорот кој што премиерот Димитар Ковачевски го имал за време на презентирањето на предлозите за заменици министри, каде што посочува дека оваа била про европска Влада и дека дојден е моментот да ги оправаат институциите на државата, Здравсковски го праша што правеа до сега кога СДСМ е веќе пет, шест години власт и дека од најавеното оправање на институциите нема ништо да биде затоа што оваа коалиција е направена на база на параз.

„Вие велите тука во европски определената Македонија во која работи про европска Влада и така натаму, дојден е момент кога својата про европска ориентација треба да ја покажат сите институции во државата. Колку време треба да е премиер. Овие две години што праевте, баевте, чмаевте, што правевте? И сега дошло време институциите да ги оправате, а вие пет-шест години ги потрошивте а сега ќе се оправате. Ништо нема да оправите затоа што оваа коалиција што ја правите е на база на пазар“, рече Здравсковски.

Здравковски му посочи на Ковачевски дека во земјава единствен напредок и прогрес во Македонија има во мизеријата, криминалот и корупцијата и тоа го потврдуваат и релевантни институции како што е Транспаренси Интернешнл кој што во време на нивно владеење регистрира над на борбата против коруцијата од 50 места и државата се најде на 111 место.

„Велите дека некој работел спротивно од интересот на државата, во однос на корупцијата, во однос на криминалот. Па, не ги измислуваме ние бројките? Транспаренси ви кажува дека од 64 место на 111 дојдовте во вашето владеење, пад за 50 места и после од 111 место имате некакво поместување од таа мизерна цифра, мизерна бројка 111 место дојдовте до 94 и викате Република Македонија има напредок. Па, каков напредок има, нели е страмота да зборувате за некаков напредок, за некаков прогрес? Единствено што прогресира во Република Македонија, за жал, е мизеријата и ништо друго“, истакна Здравковски.

Тој додаде дека поради потезите на власта во однос на меѓународната политика, во Македонија прогресира и евроскептицизмот, додека тоа што значи подобар живот за граѓаните тапка во место или уназадува.

„Гледаме дека прогресира евроскептицизмот поради вашите потези во однос на меѓународната политика. Гледаме дека прогресира корупцијата, гледаме дека прогресира криминалот. Арно, ама тоа што треба да значи и подобар живот и подобар стандард на граѓаните, за жал, или стои во место или уназадува, а тоа го гледаме и преку конкретните анкети“, рече меѓу другото пратеникот Здравковски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Русите тврдат дека украински диверзанти ја минале границата и зеле неколку заложници – Путин го свика Советот за безбедност

Следно

„Бистра вода“ прва домашна серија на новата платформа за македонска продукција „Кинемое“

Latest from Blog

Министерот Мисајловски на отворањето на одбранбениот саем во Братислава

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на покана на својот словачки колега Роберт Калинак ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB, кој се одржува во

Клиника од пеколот во Бразил: Купишта лекови со поминат рок, животни пред умирање, кеси со фетуси… (ВИДЕО)

Видеото неодамна снимено од спасувачи на животни од лажната ветеринарна клиника во Гуарулос, Сао Паоло, Бразил, го покажува најмонструозното занемарување на животните чувани во најневеројатни услови. Благодарение на заедничката операција на Цивилната

Муцунски негира дека имал средба со бугарската колешка: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, негира дека имал средба со неговата бугарска колешка, Весислава Петрова – Чамова, во Брисел и воедно потсетува дека користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот
Go toTop