Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија

May 31, 2025
1 min read

Ракометниот клуб Вардар 1961се пласираше во финалето на Купот на Македонија, откако славеше против Алкалоид со 32-31 по изведување на пенали.

По регуларните 60. минути, натпреварот кој се играше во салата „Билјанини извори“ во Охрид заврши со резултат 28-28, откако гледавме неизвесен дуел од почеток до крај.

Во пенал серијата, голманот на Вардар, Мигел Еспиња одбрани два седмерци во втората и третата серија.

Прв стрелец кај победникот беше Вуко Борозан кој реализираше седум гола, додека кај Алкалоид, Серафимов беше стрелец на девет гола.

Голманите имаа свој ден во двата тима, откако Еспиња мечот го заврши со 12 интервенции, додека Галевски имаше 15.

Вториот полуфинален меч меѓу ГРК Охрид и Пелистер, кој требаше да започне во 19 и 30 часот, ќе почне со задоцнување. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тешка несреќа на патот Гостивар – Тетово, загина 33-годишна жена, 6 лица повредени!

Следно

Малку труд, голема промена – три видеа што ќе ве инспирираат да живеете во склад со природата

Latest from Blog

Шефот на ФБИ се заканува со тужба на списание, кое објавило дека е често пијан

Пател ги нарече обвинувањата лажни и вети дека ќе се бори против обвиненијата, објави „Хил“. „Се гледаме на суд, ти и целата твоја свита на лажно новинарство… Продолжете со лажните вести, стандардот

Доаѓа нов бран на зголемување на цените: Храната и основните продукти први ќе бидат погодени

Поради повторното затворање на Ормутскиот теснец и зголемувањето на цените на енергијата, потрошувачките цени во Франција продолжуваат да растат. Според податоците од UFC Que Choisir, во наредните недели се очекува зголемување на

Неочекувано Барса ќе добие 11 милиони евра?!

ФОТО: FC Barselona/X Барселона би можела да добие неочекувана финансиска инјекција од француската Лига 1, а таа се поврзува со заборавениот Ансу Фати. Шпанецот моментално е на позајмица во Монако од Барселона
Go toTop