Тешка несреќа на патот Гостивар – Тетово, загина 33-годишна жена, 6 лица повредени!

May 31, 2025
1 min read

Денеска околу 15.30 се случила сообраќајна несреќа во која една жена го загубила животот, а шест други лица се повредени.

Сообраќајната несреќа се случила на автопатот Гостивар-Тетово во близина на натпатникот за Камењане.

„Се случила сообраќајна незгода со излетување од пат на патничко возило „голф” со тетовски регистерски таблици, управувано од Ј.С.(22) од с.Пирок. Во незгодата доктор од итна медицинска помош констатирала смрт на лице место кај сопатничката Ѓ.А.(33) од с.Боговиње, додека со повреди биле пренесени во Ургентен Центар-Тетово возачот на возилото Ј.С. како и сопатниците В.Р.(28) од с.Боговиње, Ј.О.(21) од с.Пирок, А.М(10) од с.Палатица, А.М.(6) од с.Боговиње и А.Р.(15) од с.Долно Палчиште“, информира Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Увид на местото извршува екипа од  СВР Тетово и Јавен обвинител при ОЈО-Тетово. 

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Родителите од Кочани со порака до вас: „Ние изгубивме, вие имате уште за што да се борите“

Следно

Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија

Latest from Blog

Шефот на ФБИ се заканува со тужба на списание, кое објавило дека е често пијан

Пател ги нарече обвинувањата лажни и вети дека ќе се бори против обвиненијата, објави „Хил“. „Се гледаме на суд, ти и целата твоја свита на лажно новинарство… Продолжете со лажните вести, стандардот

Доаѓа нов бран на зголемување на цените: Храната и основните продукти први ќе бидат погодени

Поради повторното затворање на Ормутскиот теснец и зголемувањето на цените на енергијата, потрошувачките цени во Франција продолжуваат да растат. Според податоците од UFC Que Choisir, во наредните недели се очекува зголемување на

Неочекувано Барса ќе добие 11 милиони евра?!

ФОТО: FC Barselona/X Барселона би можела да добие неочекувана финансиска инјекција од француската Лига 1, а таа се поврзува со заборавениот Ансу Фати. Шпанецот моментално е на позајмица во Монако од Барселона
Go toTop