Лице од скопско Марино физички ги нападнал партнерката и нејзината мајка!

May 31, 2025
1 min read

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 45-годишен жител на Марино за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и Неизвршување судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 25 мај вечерта, при вршење семејно насилство во домот, во алкохолизирана состојба, телесно повредил жена со која живеел во вонбрачна заедница. Употребил физичка сила врз оштетената и со тупаница ја удрил во главата, а потоа почнал да ја притиска на вратот, со што и нанел телесни повреди – гребаници и хематоми. Потоа се насочил кон сведокот – нејзината мајка која исто така започнал да ја притиска во пределот на вратот.

Со полициска асистенција заради нивна заштита, двете жени биле сместени во сигурносна куќа-шелтер центар.

Осомничениот бил задолжен со судска одлука од Основниот граѓански суд, кој донел решение и му определил привремени мерки за заштита од семејно насилство во времетраење од шест месеци. Со мерките нему му било забрането да врши психичко и физичко насилство врз оштетената и му било забрането да се доближува на растојание помало од 100 метри до домот. И покрај тоа, тој не постапил по правосилната судска одлука донесена во постапка за издавање на наредба на заштита на права,  па овластените службени лица го привеле во полициска станица заради понатамошна постапка.

Имајќи ги предвид сите околности, јавниот обвинител процени дека постои опасност од бегство и предложи судијата на претходна постапка да му определи мерка притвор.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На трката „Охрид трчат“ пријавени 2.400 учесници од 28 земји

Следно

Израел ја блокира планираната посета на арапските министри за надворешни работи на Западниот Брег

Latest from Blog

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно

„Бед Блу Бојс“ и „Торцида“ се пресметаа на аеродромот во Загреб (ВИДЕО)

Ужасни сцени на ардордомот Фрањо Туџман во Загреб. Масовна тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук Сплит на паркингот на објектот. Очигледно дека домаќините номинално, навивачите на Динамо, го планирале нападот,

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута. Шпанија вчера
Go toTop