Зеленски: Со турскиот претседател разговаравме за можен самит Украина-Русија-САД-Турција

May 31, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски истакна дека разговарал со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, за потенцијално организирање на четирилатерален самит на кој ќе учествуваат лидерите на Украина, Русија, Турција и Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Анадолу.

Во објава на X, Зеленски синоќа го опиша нивниот разговор како „добар и многу суштински“, за време на кој ѝ се заблагодарил на Турција за нејзиниот „принципиелен став во поддршката на територијалниот интегритет и суверенитет“ на Украина.

Тој истакна дека размената на затвореници постигната за време на мировните преговори во Истанбул е „важна“, но нагласи дека понатамошниот напредок бара прекин на огнот. „Убивањата мора да престанат“, рече тој.

Зеленски додаде дека Украина и Турција ги евалуирале условите под кои Киев би се согласил на втора рунда преговори во Истанбул. „Го делиме ставот дека овој состанок не може и не треба да биде напразен“, рече тој.

Тие, исто така, разговарале и за учеството на Турција на самитот Украина-Југоисточна Европа.

„Благодарен сум за чекорите и идеите што можат да ги донесат потребните резултати“, рече Зеленски.

Вчера, Дирекцијата за комуникации на Турција соопшти дека Ердоган и Зеленски имале телефонски разговор.

Турскиот претседател му рекол на својот украински колега дека одржувањето преговори на лидерско ниво меѓу Украина и Русија по преговорите меѓу делегациите ќе биде од корист за мировниот процес, беше истакнато во соопштението на Дирекцијата.

Ердоган додаде дека Турција ќе продолжи со своите напори за обезбедување праведен и траен мир меѓу Киев и Москва.

Првата рунда преговори, организирана од Турција во мај, доведе до размена на затвореници од голем размер, но без договор за прекин на огнот. Се очекува Русија и Украина повторно да испратат делегации во Истанбул за понатамошни преговори.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Матурантите денеска го полагаат првиот екстерен испит

Следно

Првата турска пловечка платформа за производство на гас „Осман Гази“ стигна до пристаништето во Црното Море

Latest from Blog

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран

Советот на Прилеп одвои 14,5 милиони денари за спортот и граѓанскиот сектор

На денешната 16-та седница на Советот на Општина Прилеп, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, советниците со мнозинство гласови ги усвоија сите точки од дневниот ред, носејќи одлуки

Советот на Општина Прилеп ја одржа 16-тата седница – 14,5 милиони денари за спорт и граѓански сектор

На денешната 16-та седница на Советот на Општина Прилеп, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, советниците со мнозинство гласови ги усвоија сите точки од дневниот ред, носејќи одлуки
Go toTop