Драматична промена на времето, доаѓа првиот топлотен бран со температури до 37°C

May 31, 2025
1 min read

По неколку дена со нестабилно време и повремени врнежи, метеоролозите најавуваат стабилизирање на временските услови на Балканот, со постепено, но значително затоплување. Веќе од викендот се очекува силен пораст на температурите, а на почетокот на јуни – првиот топлотен бран ова лето, со максимални вредности до 35 степени Целзиусови.

Според метеоролошките анализи, од денеска започнува постепено стабилизирање и затоплување.

„Од викендот следува промена во атмосферските услови. Над југоисточна Европа ќе се протега поле на антициклон, додека циклоните ќе се задржат над северозападот од континентот. Овој воздушен распоред ќе донесе многу топол воздух од југозапад, што ќе резултира со сериозно затоплување. Во недела се очекуваат температури од 23 до 29 степени“, информираат метеоролозите.

Висок УВ индекс за викендот

На сите мерни станици на Балканот, се прогнозира УВ индекс меѓу 7 и 8 – што претставува високо до екстремно високо ниво на зрачење.

Здравствени ризици од високо УВ зрачење:

Црвенило и изгореници на кожата

Катаракта – заматување на очната леќа

Рак на кожа – вклучително и меланом

Малиген меланом – најопасен облик на рак на кожа

Пеколен почеток на јуни и топлотна купола

Метеоролозите предупредуваат дека од самиот почеток на јуни се очекуваат уште повисоки температури – меѓу 28 и 34 степени, што ќе го означи првиот сериозен топлотен бран ова лето.

Дополнително, се предвидува дека во текот на следните десет дена африканскиот антициклон ќе се прошири над пошироки делови од Европа, вклучително и над Балканот. Температурите во некои региони би можеле да достигнат и 36–37 степени, особено во внатрешноста.

Топлотна купола и долготрајни горештини

Метеоролозите предупредуваат дека постои веројатност регионот да влезе под влијание на топлотна купола, што би значело најмалку 15 дена суво и жешко време, сè до средината на јуни. Моделите веќе покажуваат „црвена зона“ на мапите, што укажува на екстремно високи температури.

„Не се гледа крајот на топлотниот бран“, велат експертите.

Се очекува температурите на 4 и 5 јуни да достигнат до 35 степени, а следниот викенд уште повисоки вредности – тропски денови кои ќе го обележат првиот дел од месецот.

Можно краткотрајно освежување околу 10 јуни

Според моменталните прогнози, околу 10 јуни можно е кратко освежување со локални врнежи и грмежи. Иако јуни е сушен месец, метеоролозите не ја исклучуваат можноста за локални поројни дождови и изолирани суперќелиски невремиња.

Совет до граѓаните:

Заштитете се од сонцето, пијте доволно течности и информирајте се редовно за временските услови. Африканската топлотна преса само што започна.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мароко се подготвува да изгради патека за Формула 1 трка

Следно

Матурантите денеска го полагаат првиот екстерен испит

Latest from Blog

Македонска берза: Комерцијална банка, Телеком и Макпетрол најтргувани – МБИ10 во минус за 0,10%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 08.05.2026, индексот МБИ10изнесуваше 9.936,34 поени, со дневен пад од 0,10%, односно –10,09 поени, додека ОМБ изнесуваше 129,90 поени, без дневна промена, односно 0,00% и 0,00

Бруно напаѓа рекорд: Само уште две асистенции за да ги надмине Анри и Де Брујне

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, е на пат да направи неверојатен историски рекорд во Премиер лигата. Имено, Португалецот во дресот на „црвените ѓаволи“ досега оваа сезона има 19
Go toTop