Трајанов: Предлог законот за една изборна единица ќе го доставиме следната недела во Парламентот

May 30, 2025
1 min read

По најавата на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, дека е подготвен да се донесе закон, со кој Македонија ќе биде една изборна единица, Демократскиот сојуз попладнево излезе со соопштение во кое ја поддржува оваа определба.

„Ваквите измени ќе значат демократизација на изборниот процес и демонтажа на “еднопартискиот систем” на владеење, како и зголемување на одговорноста на извршната и законодавната власт.

Во процесот на носење круцијални одлуки ќе бидат вклучени повеќе партии и ќе јакне законодавната контрола на извршната власт.

Со измените, зад секој пратеник ќе стојат ист број гласачи, а не како до сега во Изборната единица бр. 6 пратеник да се избира со 6.300 гласа, а во Изборната единица бр. 3 со 10 илјади гласови.

Демократскиот сојуз следната недела до парламентот ќе го достави Предлог-законот за измена на Изборниот законик, кој пратениците можат да го дополнат и со забелешките на ОБСЕ и ОДИХР“, вели Трајанов.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Само 22 отсто од испуштените води во 2024 година биле пречистени

Следно

Јуре Доленец заминува во ракометна пензија

Latest from Blog

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,

Сити може да остане без титулите, Јунајтед, Ливерпул и Арсенал би профитирале

Манчестер сити би можел да остане без дел од шампионските титули освоени во ерата во која клубот се соочува со сериозни обвинувања за прекршување на финансиските правила во Премиер лигата. Сè уште

Проданоски: „Градот во мене“ е уште една убава приказна за Прилеп раскажана преку уметноста

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, вечерва присуствуваше на отворањето на изложбата „Градот во мене“ на прилепскиот академски уметник Александар Џинго, поставена во Ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“. Во своите најнови дела,

Божиновска: Енергетската заедница го потврди напредокот на Македонија во обновливата енергија

Раст на обновливите извори во електроенергетскиот сектор и поволна траекторија кај финалната потрошувачка, со јасно дефинирани мерки за декарбонизација во ажурираниот НПЕК 2025–2030 Последната оценка на Секретаријатот на Енергетската заедница покажува силен
Go toTop