Алегри се врати на клупата на Милан

May 30, 2025
1 min read

Италијанскиот фудбалски прволигаш Милан попладнево официјално потврди дека тренерската должност ја презема Масимилијано Алегри, кој ќе има тешка задача да го оживее клубот по разочарувачката сезона 2024/25.

„Милан со задоволство објавува дека Масимилијано Алегри е назначен за главен тренер на првиот тим“, се наведува во клупското соопштение.

Алегри (57) својот последен тренерски ангажман го имаше во Јувентус, кој му врачи отказ во мај 2024 година, само неколку денови по освојувањето на Купот на Италија.

За време на неговиот прв мандат во Милан, од 2010 до 2014 година, Алегри ја освои италијанската титула во својата прва сезона (2011). Следната сезона заврши втор во Серија А, а потоа трет, пред да биде отпуштен во јануари 2014 година.

Со Јувентус, кој го тренираше од 2014 до 2019 година, а потоа и од 2021 до 2024 година, Алегри стана еден од најпочитуваните активни италијански тренери. Со Јувентус освои пет последователни италијански првенства (2015, 2016, 2017, 2018, 2019), пет трофеи во Купот на Италија (2015, 2016, 2017, 2018 и 2024), а два пати загуби финалиња во Лигата на шампиони (2015, 2017).

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Макрон: Признавањето на палестинската држава е „морална должност“

Следно

Протест на медицинскиот персонал во тетовската болница, два месеца се без плата

Latest from Blog

Манчини пресече: Десетмина фудбалери не патуваат со Италија во Турција

Роберто Манчини реши веднаш да реагира по разочарувачкиот старт на Италија во новото издание на Лигата на нации. Италијанскиот селектор направи голем „рез“ во составот и дури десет фудбалери нема да патуваат

Кина одржува поморски и воздушни воени вежби околу спорниот гребен во Јужното кинеско море

Вежбата се одржа во водите и воздушниот простор околу гребенот Скарборо, кој Кина го нарекува Хуангјан Дао. Тој е побаруван и од Филипините, каде што е познат како Бахо де Масинлок. Кинеската
Go toTop