Петмина хуманитарни работници од меѓународна хуманитарна организација убиени во израелските напади врз Газа

May 28, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Петмина хуманитарни работници од меѓународна хуманитарна организација со седиште во Истанбул, која работи со Светската програма за храна на Обединетите нации (WFP), се убиени во израелски напади во Појасот Газа, додека други двајца се сериозно повредени, објави организацијата вечера, јавува Анадолу.

„Петмина од нашите колеги кои работеа на нашиот проект во Газа во соработка со Светската програма за храна (WFP) загинаа во нападите извршени од окупаторските израелски сили во текот на изминатите два дена, а други двајца се сериозно повредени“, соопшти ИХХ преку платформата X.

Организацијата го осуди „грозоморниот напад“ на Израел врз хуманитарните работници, кои „секој ден ги ризикуваат своите животи за да им достават помош на угнетените луѓе во Газа“.

„Загинатите се Мохамед ал-Мубајид, Ахмед Бустан, Мутаз Раџаб, Џамал ​​ал-Мубајид, Исхак ал-Тејф“, објави организацијата, изразувајќи сочувство до нивните семејства.

Во неделата, извршната директорка на Светската програма за храна (WFP), Синди Мекејн, предупреди дека половина милион луѓе во Газа се „во екстремна несигурност во однос на храна“ и се изложени на ризик од глад.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Ганиу и граѓаните пристигнаа пред Град Скопје и го фрлија ѓубрето

Следно

ВИДЕО Арсовска пристигна пред Град Скопје: Каде избега Ганиу?

Latest from Blog

Општина Битола: „Чкембари“ слават 41 година – подготвен спектакл за „осмиот играч“

Општина Битола и РК „Еурофарм Пелистер“ подготвуваат посебна фан-зона „Осмиот играч“ по повод 41 година од постоењето на навивачката група „Чкембари“. Фан-зоната ќе биде отворена во среда од 18:00 часот на платото

Најмалку десет непалски водичи исчезнаа во лавина на Хималаите

Алпинистите го подготвуваа теренот за претстојната експедиција, јавува Би-Би-Си. Според информациите од организаторите на искачувањето, станува збор за локални водичи кои биле на почетната точка во близина на врвот Химлунг Химал, во

Манчини пресече: Десетмина фудбалери не патуваат со Италија во Турција

Роберто Манчини реши веднаш да реагира по разочарувачкиот старт на Италија во новото издание на Лигата на нации. Италијанскиот селектор направи голем „рез“ во составот и дури десет фудбалери нема да патуваат

Кина одржува поморски и воздушни воени вежби околу спорниот гребен во Јужното кинеско море

Вежбата се одржа во водите и воздушниот простор околу гребенот Скарборо, кој Кина го нарекува Хуангјан Дао. Тој е побаруван и од Филипините, каде што е познат како Бахо де Масинлок. Кинеската
Go toTop