УНИЦЕФ: Над 50.000 деца се убиени или повредени во израелската војна во Газа

May 28, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Повеќе од 50.000 деца се убиени или повредени во смртоносната војна што Израел ја води во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), јавува Анадолу.

„Децата во Газа имаат потреба од заштита. Имаат потреба од храна, вода и лекови. Имаат потреба од прекин на огнот. Но повеќе од сè имаат потреба од итна, колективна акција за конечно да запре ова“, изјави регионалниот директор на УНИЦЕФ за Блискиот Исток, Едуар Бејгбедер.

Според него, најмалку 1.309 деца се убиени, а 3.738 се повредени од 18 март годинава кога Израел ги обнови воздушните напади врз Газа.

„Колку уште мртви девојчиња и момчиња се потребни? Колку ужас треба да се пренесува во живо пред меѓународната заедница конечно да преземе одлучна акција и да ја искористи својата моќ за да стави крај на ова немилосрдно убивање деца?“, запраша Бејгбедер.

Во петокот палестинската докторка Алаа Наџар од болницата „Насер“ во Кан Јунис изгуби девет од своите десет деца во израелскиот воздушен напад врз нивниот дом. Нејзиниот сопруг, исто така, лекар, е во критична состојба.

Во понеделникот најмалку 31 лице – од кои 18 деца – беа изгорени до смрт во израелскиот напад врз училиште што е претворено во засолниште во Газа.

„Овие деца – животи што никогаш не треба да бидат сведени на бројки – сега се дел од долга, ужасна листа на незамисливи ужаси: тешки кршења на детските права, блокада на хуманитарната помош, глад, постојано присилно раселување, уништување болници, водоводни системи, училишта и домови. Всушност, уништување на животот во Газа“, истакна Бејгбедер.

Израелската војска ги отфрла меѓународните повици за прекин на огнот и води брутална офанзива во Газа од октомври 2023 година, при што се убиени над 54.000 Палестинци, повеќето жени и деца.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со обвинение за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради воените злосторства врз цивилите во Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба Сиљановска-Давкова – Токајев во Астана, изразена подготвеност за унапредување на севкупните односи со Казахстан

Следно

Започнува продажбата на билети за Македонија-Белгија

Latest from Blog

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер

Одлични вести за навивачите на Барселона: Рафиња и Де Јонг се враќаат за дуелот против Бетис

Барселона ја очекува тешко гостување кај Бетис во деветтото коло од Ла Лига, а тренерот Ханси Флик на прес-конференцијата потврди дека Рафиња и Френки де Јонг се опоравиле од повредите. Каталонците имаат

Македонската берза ја заврши неделата во минус: МБИ10 падна на 9.006,70 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.006,70 поени. Во однос

Иран тврди едно, Америка друго, кој го контролира Ормускиот теснец?

Иранската револуционерна гарда вчера соопшти дека контејнерски брод, кој плови под знамето на Сингапур, потонал откако удрил во поморска мина во Ормускиот теснец, пренесува Ал Џезира. ЦЕНТКОМ (CENTCOM), сепак, наведе дека цивилниот
Go toTop