Средба Сиљановска-Давкова – Токајев во Астана, изразена подготвеност за унапредување на севкупните односи со Казахстан

May 28, 2025
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со претседателот на Република Казахстан, Касим-Жомарт Токајев во резиденцијата „Акорда“ во Астана, на која што се разговараше за севкупниот развој на односите меѓу двете држави кои се кооперативни и пријателски.

Укажувајќи на можностите за инвестирање што ги нуди земјава и на важноста на мултиполарниот свет, претседателката ја истакна подготвеноста од македонска страна за натамошен развој и продлабочување на билатералните односи.

Таа повика на интензивирање на економската соработка и зголемување на трговската размена, која е релативно мала, со дефицит на македонска страна. Како што Казахстан е мостот меѓу Азија и Европа, така ние можеме да бидеме мостот со Централна и Источна Европа заради нашата положба, посочи претседателката по средбата.

Домаќинот, претседателот Токаjев, нагласи дека Казахстан е заинтересиран за развој на сеопфатно партнерство со државава и рече „ја сметаме вашата земја како доверлив партнер на Балканскиот Полуостров“.

Тој ја истакна важноста од натамошно продлабочување на економските односи и зголемување на трговската размена преку конкретни чекори, како што се директни средби меѓу компании од двете земји и воспоставување на казахстанско-македонски економски совет.

Сиљановска-Давкова ја поздрави успешната соработка на Казахстан со Европската Унија, која е на врвот на листата на нејзини трговски партнери, особено имајќи ги предвид македонските аспирации за полноправно членство во европското семејство.

Посочи дека во денешната сложена геополитичка средина, интеграцијата на нашиот регион во ЕУ е клучна за обезбедување на мирна и безбедна иднина. Таа нагласи дека поради тоа е важно Западен Балкан да има јасна перспектива за членство во ЕУ, не само за нашата сопствена благосостојба и напредок, туку и за пошироката стабилност и безбедност на Европа.

Во контекст на значајниот јубилеј – 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави, претседателката изрази интерес за размена на официјални посети на највисоко ниво.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спасовски: Преседан во Собранието, спогодбата со Велика Британија власта ја турка како меѓународен договор

Следно

УНИЦЕФ: Над 50.000 деца се убиени или повредени во израелската војна во Газа

Latest from Blog

НАПАД ВО ОРМУЗ – Француски товарен брод претрпе штета, има повредени

Француската бродска групација CMA CGM, третиот најголем оператор на контејнери во светот, потврди дека нивниот брод „Сан Антонио“ бил цел на напад при преминот низ стратешкиот Ормутски Теснец. Во инцидентот, кој се

Коњановски домаќин на шведскиот амбасадор Ола Сулстром – фокус на развој, култура и европски вредности

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари срдечна средба со амбасадорот на Шведска во Република Македонија, Ола Сулстром, кој престојува во официјална посета на општината. На средбата беа разменети мислења за

Симеоне: Немам сила да продолжам

Атлетико Мадрид повторно го загуби трофејот од Лигата на шампионите, натпреварување кое Диего Симеоне сè уште не го освоил со овој тим. Откако беше елиминиран од Арсенал во двата полуфиналиња со вкупен

Коњановски: Потенцијалите на Битола во фокус на средбата со шведскиот амбасадор Сулстром

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари срдечна средба со амбасадорот на Шведска во Република Македонија, Ола Сулстром, кој престојува во официјална посета на општината. На средбата беа разменети мислења за
Go toTop