Спасовски: Преседан во Собранието, спогодбата со Велика Британија власта ја турка како меѓународен договор

May 28, 2025
1 min read

Не може да се зборува за ратификација на меѓународен договор кога во македонската верзија стои дека станува збор за договор меѓу двете влади, додека во англиската е користен терминот „arrangement“, односно спогодба, нагласи координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница.

„Сметам дека треба да имаме јасна претстава за тоа што сакаме да гласаме денеска, и како и на кој начин да постапиме. Зошто? Имаме повикување на членовите од Уставот и од Деловникот, кои што се однесуваат на меѓународен договор. Во самиот договор стои дека преводот на двата текста е со исто значење.Но, во македонскиот текст стои дека е договор ‘Предлог-закон за ратификација на договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, во врска со партнерството за реализација’, а во англиската верзија стои ‘arrangement’, односно ‘спогодба’, и не може да се толкува како меѓународен договор. Тоа е првата работа“, рече Спасовски.

Втората работа на која што укажа Спасовски е различно потпишаната функција, што според него го прави договорот ништовен.

„Ако ги погледнеме двете верзии, посебно ако ја видиме англиската верзија, каде што е потпишан договорот, ова е ништовен документ. Зошто е ништовен документ? Затоа што пишува дека го потпишал „Vice President of the Republic of North Macedonia“. Значи, ние како држава немаме потпретседател на Република Северна Македонија. Таква функција последен беше Љупчо Георгиевски. А во македонската верзија стои дека го потпишал „Заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија“. Ако е вака, тогаш нема апсолутно важност ваков еден договор — или спогодба, како сакате наречете го — и тоа ќе мора да се исправи“, рече Спасовски.

Согласно Деловникот, Пратеничката група на СДСМ побара пауза од 1 час за да Собранието и Владата да ги разјаснат ваквите недоследности.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Зеленски: Украина се надева дека Германија ќе и испорача ракети Таурус

Следно

Средба Сиљановска-Давкова – Токајев во Астана, изразена подготвеност за унапредување на севкупните односи со Казахстан

Latest from Blog

Еве зошто Франција (не)сака да биде прва во групата И!

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Откако САД, Мексико и Германија го обезбедија првото место во своите групи, започнаа пресметките за можните соперници во елиминациската фаза. Токму поради ова, потенцијалниот судир меѓу двете европски суперсили, Франција и

Венс за преговорите со Иран во Швајцарија: Oчекувам дополнителен напредок во наредните часови

Во екот на повторна ескалација на судирите меѓу Либан и Израел, што доведе до нови ирански закани за спуштање на „рампата“ на Ормускиот теснец – во малиот швајцарски рај – Бургеншток кај

Коњановски: „Car Show – Битола 2026“ со рекордна посетеност и богата програма

Исклучителна чест ми беше да го посетам „Car Show – Битола 2026“, настан кој годинава повторно потврди дека Битола може да организира манифестации со меѓународен карактер и високо ниво на организација, истакна

Почна одбројувањето за владините фотелји – кој ќе преживее до први јули?

Од „Илинденска“ потврдуваат дека Мицкоски останува на позицијата внимателно да ги следи состојбите во институциите и реконструкцијата е резултат на неговото незадоволство од функционери што се оддалечуваат од принципите врз кои е
Go toTop