АЕК ќе објави тендер за трет мобилен оператор, писма за искажување интерес од три компании

May 27, 2025
2 mins read

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ќе објави јавен тендер или јавен тендер со јавно наддавање за трет мобилен оператор, откако јавната расправа за таа намена резултираше со Писмa за искажување на интерес од ОНЕ Македонија Телекомуникации ДООЕЛ Скопје, Битстрим Мобиле ДООЕЛ Скопје и од е& ппф Телеком Груп Б. В. 

– АЕК на 16.04.2025 година објави Намера за спроведување на постапка на јавен тендер со јавно наддавање (Намера). Времетраењето на јавната расправа по објавената Намера беше заклучно со 16.05.2025 година. По завршувањето на јавната
расправа до АЕК пристигнаa Писмa за искажување на интерес од три заинтересирани страни и тоа: ОНЕ Македонија Телекомуникации ДООЕЛ Скопје, Битстрим Мобиле ДООЕЛ Скопје и од е& ппф Телеком Груп Б. В. Бидејќи примениот број на писма за искажување на интерес е поголем од објавениот број на одобренија за користење на радиофреквенции што ќе се издаваат, во согласност со член 134 став (6) алинеја 1, АЕК ќе објави јавен тендер или јавен тендер со јавно наддавање, наведува АЕК во објава на својата веб страница за резултатите од јавната расправа. 

ОНЕ Македонија Телекомуникации во тек на  јавната расправа, меѓу останатото, предложиле годишните надоместоци за користење на фреквенцискиот спектар да започнат да се пресметуваат од датумот на комерцијално пуштање на мрежата, а не од датумот на издавање на дозволата. АЕК, пак, им одговара дека не постои законска можност за одложување на обврската за плаќање, ниту пак можност за привремено намалување или поврат на дел од годишниот надомест за користење на радиофреквенции.

Од е& ппф Телеком Груп, пак, навеле дека предложените минимални износи на надоместоците се превисоки, особено, како што велат, имајќи ги предвид значајните инвестиции потребни за е& ппф да влезе на македонскиот пазар доколку успее на Тендерот. 

 АЕК во став за предлогот на е& ппф Телеком Груп наведува  дека минималната висина на еднократниот надомест е определена врз основа на спроведена детална анализа од претходни постапки на доделувања на радиофреквенции. При тоа, во согласност со ЗЕК, АЕК е должна да ги применува регулаторните начела за објективност, транспарентност, недискриминација и пропорционалност преку обезбедување дека, во слични околности, нема дискриминација во третманот на операторите. Поради тоа АЕК нема можност да направи намалување на минималната висина на еднократниот надоместок, стои во одговорот на Агенцијата за електронски комуникации.

Во Писмото за искажување на интерес, заинтересираната страна Битстрим Мобиле ДООЕЛ Скопје искажала заинтересираност за радиофреквенции во радиофреквенциските опсези: 900 MHz за радиофреквенцискиот блок 880-890/925-935 MHz, 2100 MHz за радиофреквенцискиот блок 1920- 1930/2110-2120 MHz и 3.х GHz за радиофреквенцискиот блок 3460-3500 MHz. 

По однос на Писмото на Битстрим Мобиле ДООЕЛ Скопје, АЕК информира дека ќе објави нова Намера за спроведување на постапка на јавен тендер со јавно наддавање од причина што во тоа Писмо се искажува Намера за радиофреквенции кои не се предмет на веќе објавената Намера.

Доколку до АЕК пристигнат дополнителни Писма за искажување на интерес по објавената Намера по пошта, а се испратени во предвидениот рок, АЕК најавува дека ќе направи соодветно дополнување на Резулатите од јавната расправа и став на Агенцијата за електронски комуникациии по однос на истите од објавената Намера за спроведување на постапка на јавен тендер со јавно наддавање.

Намерата за спроведување постапка на јавен тендер со јавно наддавање за нов мрежен оператор во државава АЕК ја објави на 16. минатиот месец, а на барање на „Оне Македонија телекомуникации“, фирмата што унгарската телеком-компанија „4иГ“ ја регистрираше во државава по објавата за влез на македонскиот телекомуникациски пазар. 

Одобренија, според Намерата, ќе се издаваат само на нови мрежни оператори, односно, писма за искажување интерес не можеа да доставуваат постоечките мрежни оператори (А1 Македонија и Македонски Телеком).

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕХФ се огласи: Покренува судски постапки против Алкалоид и АЕК

Следно

„Сè што не е забрането со закон е дозволено“, вели Фатмир Дехари по кривичната пријава од МВР

Latest from Blog

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер

Одлични вести за навивачите на Барселона: Рафиња и Де Јонг се враќаат за дуелот против Бетис

Барселона ја очекува тешко гостување кај Бетис во деветтото коло од Ла Лига, а тренерот Ханси Флик на прес-конференцијата потврди дека Рафиња и Френки де Јонг се опоравиле од повредите. Каталонците имаат

Македонската берза ја заврши неделата во минус: МБИ10 падна на 9.006,70 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.006,70 поени. Во однос
Go toTop