Лишени од слобода крадци во Скопје, краделе во црква во Сопиште  

May 27, 2025
1 min read

На 26.05.2025 во Скопје полициски службеници ги лишија од слобода Р.Д.(30) и М.Ј. (39), двајцата од Скопје поради сторено кривично дело “тешка кражба” по член 236 став 1 од КЗ. На 19.05.2025 во СВР Скопје е пријавено дека од црквата “Св. Спас” во Сопиште, скопско, биле одземени предмети.

Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје и сторителите се откриени и лишени од слобода на територија на Шуто Оризари.

Тие во службен разговор го признаа кривичното дело, а одземените предмети се пронајдени и вратени на црквата. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Домашните математики на Таравари и Ахмети, не излегоа точни на пазарот

Следно

ЕХФ се огласи: Покренува судски постапки против Алкалоид и АЕК

Latest from Blog

ФЕРОИНВЕСТ СО НАЈГОЛЕМА ЖЕТВА НА ПЧЕНКА ДОСЕГА ЗА БИОГАСНАТА ЕЛЕКТРАНА ВО САРАМЗАЛИНО

Компаниите од групацијата ФЕРОИНВЕСТ годинава ја реализираа својата најголема жетва на пченка досега на земјоделските површини во Овчеполието, со најдобри резултати од почетокот на земјоделското производство на овие локации, како во однос

Дортмунд со рутинска победа на стартот во Бундеслигата

ФОТО:facebook.com/BVB/ Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија Хамбургер со 2:0 на почетокот од Бундеслигата. Дортмунд оствари рутинска победа на домашен терен, а прашањето за победникот беше решено во првиот дел од натпреварот.

Побунети војници го нападнаа аеродромот и претседателската палата во Нигер (ВИДЕО)

Четири извори на Ројтерс изјавија дека бунтовни војници стојат зад нападот. Државната телевизија и радио престанаа да емитуваат околу 8 часот наутро по локално време. Воените власти апелираа за смиреност и рекоа
Go toTop