Ангелов: Во моментов немаме ниту еден функционален ер-трактор, подготвуваме неколку изненадувања за справување со престојните пожари

May 27, 2025
1 min read

Стојанче Ангелов, новиот директор на Дирекцијата за заштита и спасување рече дека Дирекцијата се подготвува за престојните пожари.

„Дозволете барем неколку недели, оваа влада има јасен став и курс дека треба да бидеме подготвени летово. Подготвуваме неколку изненадувања кои ќе ни помогнат полесно да се справиме со престојните пожари“, изјави Ангелов.

Тој рече дека во моментов нема ниту еден функционален ер-трактор, но дека е оптимист дека ќе ги имаат на располагање.

Ангелов додаде дека во владата е формирана група која работи на спојување на ДЗС и на ЦУК.

„Има 19 закони, и е обемна постапка и треба многу време. Мојот фокус е формирање на една институција, која ќе ги обедини функциите на двете ДЗС и ЦУК“, изјави Ангелов.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Oд денеска во Скопје ќе можете да изнајмите електрично возило

Следно

Рускиот министер Лавров: Истанбул е можното место за втората рунда мировни преговори со Украина

Latest from Blog

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер

Одлични вести за навивачите на Барселона: Рафиња и Де Јонг се враќаат за дуелот против Бетис

Барселона ја очекува тешко гостување кај Бетис во деветтото коло од Ла Лига, а тренерот Ханси Флик на прес-конференцијата потврди дека Рафиња и Френки де Јонг се опоравиле од повредите. Каталонците имаат

Македонската берза ја заврши неделата во минус: МБИ10 падна на 9.006,70 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.006,70 поени. Во однос

Иран тврди едно, Америка друго, кој го контролира Ормускиот теснец?

Иранската револуционерна гарда вчера соопшти дека контејнерски брод, кој плови под знамето на Сингапур, потонал откако удрил во поморска мина во Ормускиот теснец, пренесува Ал Џезира. ЦЕНТКОМ (CENTCOM), сепак, наведе дека цивилниот
Go toTop