Ками Рита, најпознатиот непалски планинарски водич, по рекорден 31. пат се искачи на највисокиот врв во светот

May 27, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најпознатиот планинарски водич од Непал, Ками Рита, припадник на етничката група Шерпа, утринава повторно се искачи на Монт Еверест, достигнувајќи го врвот по рекорден 31. пат и со тоа го продолжи својот светски рекорд за најмногу успешни искачувања на највисокиот врв во светот, пренесува Анадолу.

Според весникот „Катманду пост“, 55-годишниот планинар пристигнал на врвот висок 8.848 метри околу 4 часот по локално време, предводејќи ја експедицијата на Индиската армија наречена Авантуристичко крило Еверест.

Мингма Шерпа, од организаторската компанија „Севен Сумит Трекс“, ја потврди веста и истакна дека Ками Рита е неприкосновен носител на рекордот.

„Овој нов подвиг само ја зацврстува неговата позиција како човек со најмногу искачувања на врвот на светот, рекорд до кој никој друг не се приближил“, изјави тој.

Ками Рита е безбеден и стабилен по искачувањето. Веќе започнал со симнување и на пат е кон базниот камп.

Поради рекордните искачувања, Ками Рита ги доби прекарот Човекот од Еверест. Првпат се искачил на Монт Еверест во 1994 година, а во 2023 година го постигна тоа дури двапати. Неговиот најблизок ривал, исто така, Непалец, Пасанг Дава Шерпа, има 29 искачувања.

Непал е дом на осум од 10 највисоки врвови во светот, а планинарството е голема туристичка активност и извор на приход, како и вработување за малата земја на Хималаи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Возел „стотка“ на место каде што е дозволено 40 км/ч, приведен возач во Пробиштип

Следно

Има ли АЕК двојни стандарди кога се во прашање навивачите?

Latest from Blog

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер

Одлични вести за навивачите на Барселона: Рафиња и Де Јонг се враќаат за дуелот против Бетис

Барселона ја очекува тешко гостување кај Бетис во деветтото коло од Ла Лига, а тренерот Ханси Флик на прес-конференцијата потврди дека Рафиња и Френки де Јонг се опоравиле од повредите. Каталонците имаат

Македонската берза ја заврши неделата во минус: МБИ10 падна на 9.006,70 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.006,70 поени. Во однос

Иран тврди едно, Америка друго, кој го контролира Ормускиот теснец?

Иранската револуционерна гарда вчера соопшти дека контејнерски брод, кој плови под знамето на Сингапур, потонал откако удрил во поморска мина во Ормускиот теснец, пренесува Ал Џезира. ЦЕНТКОМ (CENTCOM), сепак, наведе дека цивилниот
Go toTop