Ѓоковиќ емотивен: Навистина ми беше потребна 100-тата титула

May 26, 2025
1 min read

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, изјави дека 100-тата титула во неговата кариера, која ја освои во саботата во Женева, му била многу потребна пред почетокот на Ролан Гарос.

-Ја освоив 100-тата титула во мојата кариера, што е голема работа, навистина ми требаше тоа пред Ролан Гарос. Дојдов тука во неделата и се сетив на прославата во соблекувалната по олимпиското злато. Сега се чувствувам поинаку отколку пред две или три недели. Особено начинот на кој ги удирав топките. Бев добар на тренинг, но потоа кога ќе дојдат поразите, почнувате малку да се сомневате во вашата игра. Не сакате да бидете во таков начин на размислување кога влегувате на турнир. Ќе видиме како ќе играм тука, рече Ѓоковиќ, трикратен шампион на Ролан Гарос, при денешното обраќање до медиумите во Париз.

Ѓоковиќ ќе игра против Американецот Макензи Мекдоналд во првото коло од единствениот Гренд слем турнир на земјена подлога, а тој натпревар е трет по ред во вторник на стадионот „Филип Шатрие“, па се очекува да започне по 15 часот. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Како што објави ТВ21, Меџити потврди дека Азир Алиу ќе биде предложен за министер за здравство

Следно

Турскиот министер за надворешни работи, Фидан, се сретна со Путин во Москва

Latest from Blog

Премиерот Мицкоски во Осоговскиот манастир: „Верата и достоинството нè обединуваат“

Премиерот Христијан Мицкоски во четвртокот, на 27 август, го посети манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, каде што присуствуваше на Божествената литургија по повод претпразненството на Успението на Пресвета Богородица. Литургијата

УЕФА ќе го тужи Инфантино – познати се деталите!

фото: Football on TNT Sports @footballontnt (X) УЕФА подготвува кривична постапка против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, поради неговиот обид да продаде удел во Светското првенство на приватни инвеститори. Информациите доаѓаат од
Go toTop