Нова медицинска опрема за одделот за урологија во Клиничката болница во Тетово

May 26, 2025
1 min read

Денес, Уролошкиот оддел при Клиничката болница во Тетово официјално доби нова медицинска опрема, која се очекува значително да ги подобри услугите за пациентите со разни уролошки патологии.

Инвестицијата беше направена преку два главни извори:

Донација од Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни, која вклучува:
-Современа опрема за кршење камења во уринарниот тракт,
-Опрема за изведување операции на уретрата.

Сопствена инвестиција од самата Клиничка болница во Тетово, која вклучува:
-Ехо апарат за изведување биопсија на простата,
-Апарати за хирургија на простата и третман на рак на мочен меур со напредна биполарна технологија.

Според надлежните лекари, овие нови алатки и оваа важна инвестиција ќе овозможат поквалитетна дијагноза и третман кај пациенти со уролошки заболувања, зголемувајќи ја ефикасноста и безбедноста на медицинските интервенции.

Раководството на клиничката болница во оваа пригода им се заблагодарија на сите соработници и високо ја ценат соработката насочена кон континуирано подобрување на здравствените услови за жителите на Полошкиот регион.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Влада за ТВ 24 по изборот на Марковска: Процесот и огласот се започнат од пред 3 години

Следно

Курти: Опозицијата намерно го опструира конституирањето на Собранието

Latest from Blog

Чуда се случуваат: Андора има клуб во главната фаза на КЛ, жртви се Ардијан Нухиу и Дрита!

фото: Federació Andorrana de Futbol @Fedandfut (X) Во Конференциската лига вечерва вистинско чудо направи Интер Ескалдес од Андора, кој на пенали успеа да го елиминира косовскиот преставник Дрита. По оние 2:2 на

Официјално: Трамп го смени името на езерото Онтарио, за инаeт на Канаѓаните (ВИДЕО)

Трамп ја потпиша наредбата во услови на зголемени трговски тензии меѓу САД и Канада, објави Ројтерс. Тој претходно изјави дека размислува за промена на името на големото езеро пред денеска да ја
Go toTop