Претставници на онколошките пациенти на средба во ОЈО Скопје за предметот „Онкологија“

May 26, 2025
1 min read

Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски и надлежниот јавен обвинител во предметот „Онкологија“ Ана Гоговска – Јакимовска денеска остварија средба со Ана Марјановиќ и Ангелика Колева, претставнички на неформалната организација која ги застапува онколошките пациенти, со цел да ги информираат за деталите од поднесените обвиненија против лекари од Клиниката за радиотерапија и онкологија за несовесно лекување пациенти.

Со оглед на тоа што со овој предмет се испитуваше и се дојде до основано сомнение за повреда на највисокото уставно загарантирано право на здравствена заштита, Основното јавно обвинителство Скопје во текот на целата постапка се грижеше да обезбеди максимална транспарентност и отчетност особено во однос на пациентите.

Претставниците на организацијата беа информирани дека во текот на истрагата беа прегледани медицинските досиеја на сите онколошки пациенти кои примале биолошка терапија за период од 5 години – од 01.01.2018 до крајот на 31.12.2022 година, при што технички советници на истрагата ги издвоија историите со одредени сомненија за начинот на третирање. Од сите прегледани истории, 65 беа издвоени, испратени и анализирани од вештите лица во Словенија и Србија. Словенечките експерти потврдија несоодветно лекување кај 29, а српските кај дополнителни 18 пациенти. Нивните наоди беа основ за поднесените обвиненија.

На денешната средба, јавните обвинители ги информираа претставниците на пациентите дека во следните денови обвинителството ќе ги контактира пациентите кај кои вештачењата утврдија пропуст во лекувањето или нивните законски застапници со цел да ги информира и да им укаже на нивните права како оштетени.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА АКТЕРКАТА ОД МНТ СОЊА КАРАНЏУЛОВСКА

Следно

Поради пораст на случаи на стрептокока А привремено затворени училишта низ Грција

Latest from Blog

Барселона сепак е пресилна за Бетис

И покрај фактот што позициите на табелата во Примера го најавуваа вечерашниов дуел помеѓу Барселона и Бетис како дерби, сепак, на Ноу Камп домаќинот само ја потврди својата класа сезонава. Барселона победи

Откриен планот на Израел: Тајни пустински бази за напади врз Иран

Неодамнешните откритија на „Волстрит џурнал“ покажуваат дека Израел изградил база во западната пустина на Ирак за употреба во војната што започна во февруари 2026 година. Сепак, ирачките претставници изјавија за „Њујорк тајмс“

Тревога во Финска: Кренати борбени авиони- откриена е опасност

Финскиот јавен радиодифузер Иле објави дека војската го зголемила надзорот на областа. Латвиските власти утрово издадоа јавно тревога поради можно присуство на дрон во воздушниот простор на земјата, а подоцна латвиската војска
Go toTop