Однесувањето на првата дама на Франција кон Макрон при посетата на Виетнам предизвика лавина реакции

May 26, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Видеото на кое се гледа како првата дама на Франција, Брижит Макрон, го „турка“ претседателот Емануел Макрон во лице, на излезот од авионот по нивното пристигнување во Виетнам, денес стана вирално и предизвика лавина реакции и шпекулации на интернет, јавува Анадолу.

Според францускиот медиум „Франсинфо“, видеото било снимено од неколку западни меѓународни новински агенции и го прикажува претседателот како излегува од авионот, кога Брижит Макрон, облечена во црвено, одеднаш ги става двете раце на неговото лице.

Макрон веднаш чекори назад, се насмевнува и мавта кон камерите.

Кога Кабинетот на францускиот претседател, Елисејската палата, бил контактиран од „Франсинфо“, првично го негирал видеото велејќи дека е лажно, но подоцна ја потврди неговата автентичност, опишувајќи го моментот како „банална закачка меѓу еден брачен пар“.

Извор близок до претседателот за новинарите изјави: „Тоа беше момент кога претседателот и неговата сопруга се олабавија пред почетокот на патувањето, игриво задевајќи се еден со друг“, додавајќи: „Не требаше многу за да има со што да се хранат теоретичарите на заговор.“

Ниедна друга медиумска куќа, освен „Франсинфо“, досега официјално не ја потврди автентичноста на снимката, но „Ле Паризиен“ објави дека кратко претседателот изгледал изненаден, а потоа се свртил и им мавтал на присутните надвор.

Медиумот „20 минути Вести“ истакна дека снимките брзо се прошириле на социјалните мрежи, особено на профилите што критички се настроени кон Емануел Макрон.

Сцената поттикна многубројни коментари – некои корисници го толкуваа однесувањето како „мала расправија“, други дури и како „удар“, а Елисејската палата останува на ставот дека станува збор за „лесен, и момент на игриво задевање“ меѓу сопружниците.

Во видеото, исто така, се гледа како првата дама одбива да ја прифати раката на Макрон додека заедно слегуваат по скалите на авионот.

Претседателот Макрон пристигна во Ханој синоќа, на почетокот на еднонеделната турнеја низ Југоисточна Азија, со цел зајакнување на економските и дипломатските односи, со планирани посети на Индонезија и Сингапур.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН: Го поздравуваме враќањето на Алијансата за Албанците на фронтот на промените

Следно

РФМ со осуда за однесувањето на АЕК, очекува одлука од ЕХФ која ќе го заштити интегритетот на натпреварувањето

Latest from Blog

Ова се напаѓачите кои се опција за Ливерпул место повредениот Исак, на списокот и еден Србин!

ФОТО: FC Liverpool/FB Сега веќе и дефинитивно е јасно дека Ливерпул ќе мора подолго време без повредниот Александер Исак. Па така се наведува дека има седум потенцијални напаѓачи како негова замена кои

Божиќен куглоф

Почестете се себеси и вашите најблиски, во овој посебен период, со овој многу едноставен но вкусен куглоф. Состојки: 150 грама интегрално брашно 80 грама густин 50 грама мелени бадеми 1 прашок за

СДС „како змија нозе“ го избегнува одговорот на прашањето: Гради ли ЗОРАН ЗАЕВ облакодер во ДУБАИ?

Нов, мизерен обид на СДС да ја скрие вистината за неимарските афинитети во Дубаи поврзани со криминал во Македонија на нивниот лидер во сенка Зоран Заев. Се уште во неверица и паника
Go toTop