Четиринаесетгодишната Антонија по семеен рецепт прави вкусно сирење

May 26, 2025
2 mins read

Антонија Стојанова има 14,5 години и прави вкусно овчо и козјо сирење. За разлика од многу други млади на нејзина возраст кои слободното време го користат во прекувремено седење пред компјутер или мобилен телефон, таа им помага на нејзините родители на нивната сточарска фарма во неготинското село Вешје.

Ја запознавме случајно, кога деновиве го посетивме ова убаво село, целото во зелена боја во месец мај. Ни кажа дека отсекогаш сакала да им помага на родителите околу домашните обврски и работите на фармата. Полека навлегувала во тајните на сточарскиот живот и денеска може да се пофали дека знае и рачно да молзи овци и кози, но од пред некое време обезбедиле опрема за машинско молзење во нивните стада од 330 овци, околу 250 јагниња, 50 кози и 70 јариња.

  • Сирење започнав да правам кога бев на тринаесетгодишна возраст. Дотогаш, би рекла, крадев по малку од занаетот, од татко ми и мајка ми. Научив што мора да се направи, за да се добие највкусно и најквалитетно сирење. Не беше тешко да се совлада мајсторлукот, ако се следи семејниот рецепт, што се пренесува од генерација на генерација. Многу работи може човек да научи, ако сака. Се школувам во градот, но секогаш кога имам слободно време, им помагам на родителите на фармата. Тоа што сум сточарско дете ме прави горда, вели Стојанова за МИА.

Луѓето што ги сретнавме во селото, за неа велат дека има златни раце, што би се рекло, со марифет.

Нејзината мајка Станка е родена во кавадаречкото село Мрежичко, а мажена во сточарско семејство во неготинско или, како што се шегувавме со неа, нејзе секирата и паднала во сирењето.

  • Најголем дел од мојот живот, откако се омажив, го поминав во Вешје, во сточарско семејство со традиција. Јас и сопругот не сме биле вработени некаде, само со сточарство се занимаваме. Тој со децении ги напасува стадата околу селото. Тешко е, не велам дека е лесно, ама имаме многу голема помош и поддршка од синот и снаата, како и од Антонија. Нека ни се живи и здрави, тие ни даваат сила да ги пребродиме сите проблеми што одненадеж доаѓаат како неканети гости во една сточарска фамилија, раскажува мајката.

Муштериите се задоволни со квалитетот на нивното сирење, па оваа фамилија нема проблем со пласманот на готовиот млечен производ. Козјото сирење е малку побарано од овчото сирење. Од епидемијата со корона вирусот наваму, зголемена била и побарувачката за козја сурутка, за која се верувало дека има лековити својства.

Стојанови ни кажаа дека со труд и посветеност, ова сточарско семејство успеало да се стекне со куќа во селото, но и со уште две куќи, во Кавадарци и Неготино, како и со четири автомобили.

  • Млада сум, но уште сега знам дека сите нешта што сме ги постигнале во животот како фамилија, се благодарение на нашата сточарска фарма, веи младата Антонија.

Таа е полуматурантка. Во иднина, сака да се школува за фитомедицина. Ни откри дека има многу пријателки и пријатели, но дека нејзини најверни другарки и другари се природата во Вешје и животните од семејната фарма. Овците и јагнињата, козите со јарињата и 14 кучиња, од кои шест се родени неодамна. Ведра и насмеана, со позитивна енергија што зрачи наоколу и полна со живот.

Светлана Дарудова/МИА

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грција европски шампион, во НЕВРАБОТЕНОСТ

Следно

[Видео] Грчкиот поет Сотирис Минас читаше песна од „На Грамос“ на Ацо Шопов кому заради стиховите во неа му беше забранет влез во Грција

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop