Ѓекереш постигна повеќе голови ама ,,Златна копачка” е Мбапе!

May 25, 2025
1 min read

Иако не успеа да стигне до ниту еден трофеј со Реал Мадрид во својата прва сезона, Килијан Мбапе сепак ќе има причина за задоволство, францускиот ас ја освои престижната „Златна копачка“ за најдобар стрелец во европските првенства.

Со 31 погодок во дресот на „кралевите“, Мбапе собра вкупно 62 бодови, доволно за да го престигне Виктор Ѓекереш од Спортинг Лисабон, кој и покрај тоа што реализираше дури 39 гола, заврши втор со 58,5 бодови. Клучот беше во бодовниот коефициент – головите во Ла Лига вредат по 2 бода, додека во португалската лига по 1,5.

Ова е прва „Златна копачка“ во кариерата на Мбапе, а воедно и прва за Реал Мадрид по цели девет години – откако Кристијано Роналдо ја доби оваа награда во 2015 година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре во земјава ќе дува засилен ветер од северен правец, некаде и до 70 км/ч

Следно

Скандал во „Борис Трајковски“: Одложен реваншот меѓу Алкалоид и АЕК – претседателот на АЕК не дозволил настап поради навивачки инцидент

Latest from Blog

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер

Одлични вести за навивачите на Барселона: Рафиња и Де Јонг се враќаат за дуелот против Бетис

Барселона ја очекува тешко гостување кај Бетис во деветтото коло од Ла Лига, а тренерот Ханси Флик на прес-конференцијата потврди дека Рафиња и Френки де Јонг се опоравиле од повредите. Каталонците имаат

Македонската берза ја заврши неделата во минус: МБИ10 падна на 9.006,70 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.006,70 поени. Во однос

Иран тврди едно, Америка друго, кој го контролира Ормускиот теснец?

Иранската револуционерна гарда вчера соопшти дека контејнерски брод, кој плови под знамето на Сингапур, потонал откако удрил во поморска мина во Ормускиот теснец, пренесува Ал Џезира. ЦЕНТКОМ (CENTCOM), сепак, наведе дека цивилниот
Go toTop