СДСМ објави нов скандал на Тошковски: Тендер од 4 милиони евра доделен на фирми со само 2 вработени, основани непосредно пред тендерот

May 25, 2025
1 min read

Системската корупција во Министерството за внатрешни работи под водство на Панче Тошковски достигна нови димензии, со скандалозен тендер вреден речиси 4 милиони евра, кој е доделен на компании без никакви релевантни капацитети и искуство.

Фирмата „Ле Бранд Дизајн“ од Битола, која има само двајца вработени и просечен годишен приход од околу 20.000 евра, доби тендер вреден над 2 милиони евра за шиење специјални полициски униформи. Истовремено, фирмата „Памитекс Тим“, основана само 20 дена пред распишувањето на тендерот и без претходна историја на јавни набавки, доби договор од 1.710.000 евра.

Министерството под управата на Тошковски ги отстрани сите критериуми кои би овозможиле транспарентна и правична конкуренција, вклучително и услови за претходно искуство и проверка на реални капацитети.

Од СДСМ повикуваат на итна интервенција од Јавното обвинителство за истрага за злоупотреба на службена положба, местење тендер и можно перење пари, како и поништување на тендерот и распишување нова, транспарентна постапка.

Документи 1
Документи 2
Документи 3

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија и Украина разменија по 1.000 воени заробеници

Следно

Во тетовско приведено лице кај кое е најдена дрога и нападнало полициски службеници

Latest from Blog

Израелците на протест против Нетанјаху: Сѐ не треба да се решава со војна, доста е

Еден од демонстрантите отворено го критикуваше премиерот Бенјамин Нетанјаху за, како што изјави, започнување конфликти за кои сметаше дека се непотребни. „Сити сме од фашизмот, сити сме од корупцијата, сити сме од

ДОЈАВА ЗА БОМБИ во Ист гејт и Дајмонд

Министерството за внатрешни работи денеска добило дојави за бомби во трговските центри Ист Гејт и Дајмонд во Скопје. -Денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со

Средба на Димитриеска-Кочоска со заменик-директорот на ММФ Бо Ли – Фокус на стабилни јавни финансии

19 април 2026, Вашингтон – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамки на учеството на Пролетните средби на ММФ и СБ во Вашингтон оствари средба со  заменик-генералниот директор на ММФ Бо Ли. На средбата
Go toTop