Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: Нашиот молк нема да трае вечно како вашето судење

May 24, 2025
1 min read

Во молк, без транспаренти и со фотографии од починатите деца, родителите и семејствата на починатите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска во Кочани го оддржаа седми „Марш за ангелите“.

Учесниците на маршот ја поминаа вообичаената маршрута од Паркот на Револуцијата, низ Трговскиот центар, кратко запреа кај зградата на Општина Кочани и Полициската станица, а потоа стигнаа пред Основниот суд и Обвинителството.

Единствената јавна порака, испишана на хартија што се појави во средината на поворката беше „Системот убива – ние молчиме“, што го карактеризираше и денешниот протестен марш.

-Нашиот молк е гласот на оние што трагично заминаа во огнот. Молк што зборува повеќе од илјада зборови, ама нема да трае вечно како вашето судење, беше гласната порака што ја упатија родителите пред Судот во Кочани.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе одат во Обвинителството за да изложат свои забелешки и докази, родителите рекоа дека истражните органи сами треба да го прибираат доказниот материјал и досега не биле повикани, но ако некој им се јави подготвени се да дадат искази.

На протестниот марш имаше забелешка од дел од семејствата за присуството на претставници од политички партии, при што нагласија дека не сакаат никаква политичка позадина на нивните собири на кои само бараат неселективна правда за своите починати чеда.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИНСТАТ: Продолжува падот на бројот на население во Албанија

Следно

ЗЛАТНАТА ПАЛМА ВО КАН ЗА ТРИЛЕРОТ „ТОА БЕШЕ САМО НЕСРЕЌА“ НА ИРАНСКИОТ РЕЖИСЕР ЏАФАР ПАНАХИ

Latest from Blog

Танкер бил погоден од проектил додека пловел во близина на Ормутскиот теснец

Повикувајќи се на неименуван американски функционер, „Волстрит џурнал“ објави дека корпусот на исламската револуционерна гарда на Иран отворил оган врз два комерцијални брода во близина на теснецот. „Аксиос“, објави дека Иран испукал

Прилеп подготвен за спектакл: Проданоски најави незаборавен „Пиво фестивал 2026“

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека подготовките за „Пиво фестивал 2026“ се во завршна фаза и дека градот е целосно подготвен да биде домаќин на една од најголемите летни манифестации во

Македонско друштво “Илинден“-Тирана: Одземањето на правото на глас на Македонците надвор од Македонија е неприфатливо

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ги осудува сите обиди за одземање на правото на глас на Македонците кои живеат надвор од Македонија. Таквиот потег е неприфатлив и претставува израз на длабоко непочитување кон Македонците

Солзите на Роналдо: Крај на сите надежи дека ќе се оствари најголемиот сон! (ФОТО)

ФОТО:printscreen За да бидеш најдобар на сите времиња, секако дека треба да освоиш и светска титула со својата репрезентација. Тоа го имаат Пеле, Марадона, Меси, но не Кристијано Роналдо. Ова е “Последниот
Go toTop