Убава функција има Николоски – вицепремиер задолжен за задолжувања со милијарди евра

May 24, 2025
3 mins read

Тамам ги заборавивме унгарските милијарди, ете ни нови. Шест. Овојпат британски, со Договор за стратешко парнерство, што ја прави Севрна Македонија прва земја на Балканот која склучува Договор за стратешко партнерство со Велика Британија, пишува Радио Слободна Европа.

Анализата е дамо една многубројните што на крајот на оваа недела, откако во Лондон беше потпишан договорот, но заедничко за сите е што овој договор, како и на почетокот на унгарскиот заем, има многу прашалници, односно непознати

Како што е познато, првата вест и подадените раце за овој аранжман со Обединетото Кралство дојде од Тирана, на средбата на Христијан Мицкоски со британскиот премиер Кир Стармер, откако ден пред тоа нашиот премиер најави „историски ден за Македонија“.

Една недела подоцна, односно во четвртокот во Лондон, параф на овој договор стави Александар Николоски, кој со тој чин се стекна со убава функција – вицепремиер задолжен за задолжувања со милијарди евра.

Но, освен фотографии и подавање рака, како што нотираат и од Радио Слободна Европа, други детали за договорот, од оние најважните – нема.

Македонија влегува во должнички вител

Иако е познато дека грејс периодот за отплата ќе започне по завршувањето на проектите, сè уште нема детални информации за условите на кредитот, како каматните стапки и роковите на враќање.

Поради тоа опозицијата ја критикуваше Владата за недостиг на транспарентност, а лидерот на СДСМ, Венко Филипче, предупреди дека ова задолжување ќе ги врзе идните генерации, додавајќи дека секое новороденче ќе должи по 6.000 евра, а јавниот долг ќе надмине 115%, што според него е полошо и од грчката криза.

Во сличен тон се и опсервациите на „Независен“.

Колегата Љупчо Поповски прво се прашува дали ова ново задолжување од 6 милијарди евра е 1199. проект што не беше наведен во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи гласачите би биле сериозно вознемирени кога би им се претставиле задолжувања (а не инвестиции) од шест милијарди евра. И унгарските пари –кредитот од една милијарда евра – премиерот Христијан Мицкоски ги објави ден по изборната победа, а не се размавнуваше со неа во предизборието. Значи, со тајниот проект, Македонија е на патот да влезе во должнички вител.

И Рацин.мк пишуваше на нецелисходноста од ова задолжување, настрана непознатите фактори за условите под кои ни се одобрува, од аспект на тоа дека на нашата земја за инфраструктурни поекти од европско значење и стојат на располагање милијарди евра од ЕУ фондовите. Само треба(ше) да го започнеме отворањето на кластерите во рамките за преговорите за членство во ЕУ.

Ако Македонија ги почнеше пристапните преговори со ЕУ, тоа многу веројатно ќе ѝ донесеше  значителна финансиска поддршка за изградба на пругата на Коридорот 10, особено ако проектот е дел од Трансевропската транспортна мрежа (TEN-T), како што тој навистина е. Сега Наместо европска пруга со ЕУ грантови, ќе добиеме британски скапа, пишува во текстот со тој наслов колегата Љубиша Николовски.

Николоски испорачува секаде

Но, интересно е да се навратиме на анализата на Љупчо Поповски за „Независен“, кој дијагностицира дека вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски испорачува и е таму каде што местото би им било на други министри.

На пример, потсетува „Независен“, на 15 мај Николоски по кој знае кој пат беше во Будимпешта. Министерството за транспорт објави дека таму се сретнал со министерот за одбрана, Кристоф Салај Бобровнички.

Средбата изгледа необјаснива. На неа се разговарало за соработка меѓу двете земји во одбранбениот сектор. Министерот за одбрана Владо Мисајловски (исто така, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ), како да е во длабока илегала. Владата и неговата партија не го вадат од уста НАТО (како тие да ја внесоа земјата во Алијансата), а Мисајловски кон сето тоа како да се однесува незаинтересирано. Па, гледа како министерот за транспорт разговара во Будимпешта за соработка во одбранбената индустрија. Ако навистина тоа била целта на оваа посета на Николоски на Будимпешта, се прашува Поповски.

Во оваа анализа „Незавсен“ укажува и на тоа дека Александар Николоски ги врши работите и на министерот за надворешни работи и меѓународна трговија Тимчо Муцунски.

Документите кои го цементираа стратешкото партнерство со САД одеа преку Министерството за надворешни работи (Муцунски нека го праша Антонио Милошоски), а сега таков договор ќе потпишува министерот за транспорт (без оглед на намерите за изградба на пругата). Па уште влада да носи специјална одлука дека го испраќа Николоски во Лондон да ја заврши работата, пишува во анализата.

И за време на посетата на владината делегација на Емиратите, Николоски (покрај премиерот Мицкоски) ги објаснуваше деталите за идната соработка меѓу двете земји и за можните инвестиции. Во туризмот, инфраструктурата и образованието. Тој ги заменува сите, а не само Муцунски. На самитот на Европската политичка заедница во Тирана заедно со Мицкоски беше Николоски, а не Муцунски. На овој голем дипломатски собир шефот на македонската дипломатија беше оставен во Скопје да ја пречека министерката за надворешни работи на Австрија. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ЕУ одговори на заканите од Трамп за царини: Сакаме фер трговски договор, но подготвени сме да одговориме

Следно

Јавното обвинителство вложи жалба на одлуката за куќен притвор за двајца обвинети

Latest from Blog

Пoчина политичкиот активист Чарли Кирк

Политичкиот активист и подкастер Чарли Кирк почина, објави Доналд Трамп на Truth Social. Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес објави дека конзервативниот активист Чарли Кирк почина откако беше застрелан на настан во

Градското дерби на Манчестер осакатено: 12 играчи го пропуштаат неделниот меч на „Етихад“

Голем бран на повреди ги погоди таборите на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед пред големото дерби кое ќе се игра на „Етихад“ овој викенд. Двата тима ќе го дочекаат дербито со „десеткуван“

РК Загреб поразен во Битола – Еурофарм Пелистер стартува со победа во Лигата на шампиони

Еурофарм Пелистер од Битола започна успешно новата сезона во Лигата на шампионите, совладувајќи го поранешниот европски првак Загреб со резултат 25-23. Натпреварот, кој се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“, беше прв

Цела Куба без струја по петти пат за една година

Уште еден општ прекин на електричната енергија ја погоди Куба денес, петти за помалку од една година, доведувајќи ја економијата во застој и нарушувајќи го животот на нејзините жители. „Имаше целосен прекин

Ѓорѓиевски: Инвестиции и подобрување на инфраструктурата во Бутел

Вечерва Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, се сретна со жителите на Радишани, заедно со сегашниот градоначалник на Бутел Дарко Костовски и министерот Панче
Go toTop